петок, јули 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

ЈКП „Водовод“ – Битола: Над 16.600 анализи потврдија безбедна и квалитетна вода за пиење

by Redakcija
24.07.2026
in Република, Топ Вести

ЈКП „Водовод“ – Битола соопшти дека континуирано спроведува строга контрола на квалитетот на водата за пиење, при што во изминатите три години се реализирани повеќе од 16.600 лабораториски анализи кои потврдуваат дека водата што се испорачува до корисниците ги исполнува сите пропишани стандарди за безбедност и квалитет.

Како што информираат од претпријатието, преработката на водата се врши во Филтерската станица Дихово, каде Одделението за санитарна контрола и третман на вода за пиење обезбедува 24-часовен мониторинг на процесот на третман и на квалитетот на водата.

Во периодот од 2023 до 2025 година биле извршени вкупно 16.622 лабораториски анализи, од кои 8.786 физичко-хемиски и 7.836 микробиолошки. Тоа претставува повеќе од 5.400 анализи годишно, односно во просек околу 15 анализи секој ден.

Контролата се спроведува на примероци од суровата вода, финалната вода во Филтерската станица, како и на бројни пунктови низ целата водоснабдителна мрежа. Дополнителни испитувања се вршат и при отстранување дефекти, пуштање во употреба на нови водоводни линии и по пријави од граѓаните.

Од ЈКП „Водовод“ – Битола нагласуваат дека, покрај интерната лабораториска контрола, квалитетот на водата редовно се проверува и од овластени и акредитирани надворешни лаборатории, согласно важечките законски прописи.

Испитувањата се реализираат во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, а резултатите од анализите покажуваат дека водата која се испорачува преку водоснабдителниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола ги исполнува сите законски барања за безбедност и квалитет.

Од претпријатието најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со континуираниот мониторинг и унапредување на процесите, со цел на граѓаните да им обезбедат сигурна, безбедна и квалитетна вода за пиење.

…

Related Posts

Општина Прилеп: Со свежо цвеќе и длабока почит одбележана годишнината од смртта на Ченто

24.07.2026

Утре без струја дел од Тетово и две тетовски села

23.07.2026
Можен прекин на водоснабдувањето во Бутел, Радишани и Кучевишка Бара

Уште еден град во Македонија со бактериолошки неисправна вода од водоводот

23.07.2026

Вонредни контроли во Гостивар: Затворени 11 објекти, изречени 30 казни – пронајдена и небезбедна храна

23.07.2026

Божиновска: Новата енергетска стратегија носи чиста енергија и европска интеграцијa

23.07.2026

Коњановски на работилница за туризмот: Битола има капацитет да стане уште поатрактивна дестинација

23.07.2026

Препорачани Вести

Почеток на Велигденскиот пост: Пат кон чиста душа и тело

Почеток на Велигденскиот пост: Пат кон чиста душа и тело

5 месеци ago

Силен ветер, дожд и можен град низ Македонија: Невремето продолжува и за викендот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Кавадарчанец падна во полициска стапица – кај него пронајдени 2.000 евра од измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Не сакаме да ни промовира сатанизам“: Се појави петиција против концертот на Карлеуша во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дожд, грмежи и ветер над 50 км/ч: УХМР предупредува на ново невреме низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Руски знамиња на трибините во Полска предизвикаа инциденти на мечот меѓу Динамо Киев и ПАОК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Со свежо цвеќе и длабока почит одбележана годишнината од смртта на Ченто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.