На 25.07.2026 година во 09.20 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа на Д.Б.(51) во с.Голема Речица. Од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е локализиран.
Во пожарот со повреди се здобила Ѓ.Б. која е пренесена во Ургентен Центар-Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на лице место ќе врши екипа од СВР Тетово.












