Двајца полицајци се суспендирани од работа поради употреба на прекумерна физичка сила врз притворено лице во полициската станица во Струга.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и второпријавениот И.Ш., „главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни незгоди“ во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга, на 14 мај во просториите на полициската станица Струга, при спроведување на лице, кое претходно било приведено, употребиле прекумерна физичка сила над него.
И покрај тоа што лицето било врзано со лисици, пријавените физички го нападнале и го удирале со раце и нозе.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата полицајци ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата и суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
…













