Три лица од Скопје се лишени од слобода поради обид со фалсификувана документација да подигнат кредит во износ од 900.000 денари од банка во Скопје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал ги лишиле од слобода И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје
Според полицијата, тие се сомничат за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“. Имено, И.Т., со помош на другите две лица, со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и со фалсификувана кредитна документација, се обидел да побара и да подигне кредит во висина од 900.000 денари во една од банките во Скопје.
Во моментот кога фалсификуваната документација била процесуирана во банката, полициските службеници ги лишиле од слобода осомничените.
Во координација со дежурен јавен обвинител, тројцата биле изведени пред судија на претходна постапка.
…













