понеделник, август 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Муцунски за МИА: Од ЕУ слушаме и поинакви пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на нашиот европски пат

by Redakcija
03.08.2026
in Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА нагласува дека се работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на нашиот европски пат, но вели дека не смее да споделува детали од разговорите со цел да не ги осуди на неуспех. Тој уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни дека Владата јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно исцртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара.

-Работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение коешто само по себе нема да биде одржливо и коешто ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега – рече Муцунски во интервјуто за МИА.

Во однос на критиките на опозицијата дека стагнираме на европскиот пат, тој вели дека „опозицијата мора да почне да живее во рамките на реалноста, а реалноста е дека нејзината попустливост и немањето капацитет далекусежно да се гледаат последиците од тоа што се случуваше во 2021 и 2022 година не доведе до оваа позиција до којашто сме сега“.

-Имаат легитимно право, па јас би рекол скоро за се да дадат и критика и став. Тоа е и функцијата на опозиција во една парламентарна демократија, да критикува, да дава инпут. Но, во делот на надворешната политика сметам дека тоа е областа каде што треба да се извинат на граѓаните за сите грешки кои што ги правеа во тој седумгодишен период од владеење и да дадат безрезервна поддршка на Владата за да може да ги поврати позициите на државата и да може да работи за создавање систем каде што конечно ќе имаме предвидливост по европскиот пат – изјави Муцунски.

Вели дека доколку т.н. француски предлог бил добар, немало секој да има различно толкување за тоа кои се нашите обврски во него, туку ќе имавме јасна слика за тоа што се очекува од нашата држава.

-Дел од тие луѓе кои сега се на раководни позиции во Бугарија, во делот на надворешната политика биле на раководни позиции во тој период и тие точно паметат што им било ветувано. Така што, овие луѓе од опозицијата и тука зборувам колективно и за претставници на ДУИ и за претставници на СДСМ, или заборавиле што правеле во тој период од 2021, 2022 година или сакаат за ситни политички поени да ја манипулираат нашата домашна македонска јавност, но истовремено со тоа ги нарушуваат позициите на државата. Затоа велам, легитимно е, критикувајте сè што мислите, но барем во полето на надворешната политика, каде што имавте страшен дебакл, дозволете и на оваа Влада да продолжи да го прави она што го прави, затоа што ние мораме да бидеме и објективни дека слушаме и поинакви пораки од високи претставници на земјите членки на Европската Унија, дека спрема нашата држава треба да се преземат некои дополнителни обврски за да се гарантира предвидливоста на нашиот европски пат – потенцира Муцунски.

Во интервјуто за МИА министерот се осврна и на значењето на неодамнешната посета на индиската претседателка Друпади Мурму на земјава. Тој вели дека самиот факт што бевме избрани како една од трите земји во оваа европска турнеја на претседателката Мурму е само по себе јасна порака дека Индија гледа потенцијал во македонскиот пазар, исто како што ние гледаме огромен потенцијал во индискиот пазар.

Во однос на стратешкото партнерство со САД и неодамнешната средба во Вашингтон со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау, вели дека една од темите за кои што зборувале е да се отвори процесот на преговори со САД за таканаречената „Виза вејвер програма“.

-Сакам јасно пред граѓаните да кажам дека тоа не е процес што се случува преку ноќ, туку тоа ќе бидат повеќегодишни преговори. Но ние од наша страна веќе ја подготвуваме работната група која треба да не застапува во тој процес и очекуваме во некоја блиска иднина да ги почнеме и официјалните разговори – вели шефот на македонската дипломатија.

Муцунски во интервјуто за МИА открива и дека до крајот на годината ќе се отворат две амбасади на земјава во странство – во Литванија заради тоа што, како што кажа, тоа е најголема и една од највлијателните земји во Балтикот и го презема претседавањето со ЕУ на почетокот од следната година и во Саудиска Арабија – од стратешка и економска, трговска природа, а во Корча ќе биде отворен конзулат заради македонското национално малцинство во Албанија.

Тој за МИА најави дека по подолг период, кон крајот на август, ќе се одржи амбасадорски совет во Скопје, на кој сите наши амбасадори и генерални конзули ќе бидат во државата, каде ќе можат да слушнат од највисоките претставници на државата за позициите и приоритетите во следниот период.

Муцунски информира и дека ќе го придружува претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој ќе биде шеф на нашата делегација на Генералното собрание на Обединетите нации во септември.

Целиот текст може да го пролитате на Курир.мк

…

Related Posts

Македонците во Австралија достоинствено го одбележаа Илинден

03.08.2026

Илинденското востание во Костурско – Борбата што траела речиси три месеци

03.08.2026
Ахмети со честитка за Илинден: Македонија може да напредува само со еднаквост и меѓусебна почит

Ахмети со честитка за Илинден: Македонија може да напредува само со еднаквост и меѓусебна почит

02.08.2026

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денеска во истиот тој дух ја градиме Македонија преку проекти, автопати и железници на целата територија

02.08.2026
Мицкоски од Пелинце: Илинден е доказ дека македонскиот народ никогаш не може да биде покорен

Мицкоски од Пелинце: Илинден е доказ дека македонскиот народ никогаш не може да биде покорен

02.08.2026
Државниот архив објави ретки фотографии и документи по повод 123 години од Илинденското востание

Државниот архив објави ретки фотографии и документи по повод 123 години од Илинденското востание

02.08.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Трагедија на српско-романската граница – 15-годишниот Марио убиен па запален од врсници поради љубомора

6 месеци ago

БИТОЛА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ! ЗЕЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА ШТО Е ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРАВЕДНАТА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА ВО ПЕЛАГОНИЈА

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Над 70 лица приведени во акциски контроли за дрога низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски за МИА: Од ЕУ слушаме и поинакви пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на нашиот европски пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Летал со 220 км/ч по автопатот А1: Косовец приведен кај Гевгелија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независни руски медиуми: Откриено е колку има загинати руски војници во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците во Австралија достоинствено го одбележаа Илинден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.