вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Падна уште еден полицаец – МВР со детали

by Redakcija
05.08.2026
in Црна Хроника

Лишен од слобода полициски службеник, поднесена кривична пријава за “злоупотреба на службената положба и овластување”

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Е.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Е.Е., на работно место „помлад полицаец“ во Одделение за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, во временскиот период од месец април до јули 2026 година, додека извршувал службена должност во депо служба на “пајак“ во Јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје и бил должен да применува полициски овластувања за издавање на записници за констатиран прекршок и прекршочни платни налози со глоби, како и да врши електронска наплата на прекршочни платни налози за сторен сообраќаен прекршок на возачи или сопственици на моторни возила кои сториле сообраќаен прекршок, во повеќе наврати вршел против правни дејствија.

Пријавениот Е.Е. преку искористување на својата службена положба и овластување, како и неизвршување на својата службена должност како полициски службеник, противправно присвоил за себе околу 12.700 денари, а исто така причинил штета на Буџетот на Р.С.М. од околу 85.500 денари.

Од страна на инспектори во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Е.Е. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.


…

Related Posts

Швеѓанка повредена при слетување со параглајдер, кривична за инструкторот

28.09.2026

СЕРИЈА НАПАДИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Тетовец ја претепал сестра му, кумановец нападнал малолетничка, прилепчанец ја тепал сопругата

28.09.2026

Апсење во Скопје и Велес – 8 лица паднаа во раце на полицијата

28.09.2026

Акција во Скопје: Претреси на повеќе локации, пронајдени знаме на ИСИС, оружје и муниција

28.09.2026

Му кажале дека во домот има „црна магија“ – Маж од кочанско село измамен за 18.000 евра

28.09.2026
Човечко тело пронајдено во канал во Бардовци, предадено на обдукција

Човечко тело пронајдено во канал во Бардовци, предадено на обдукција

27.09.2026

Препорачани Вести

Марко Митев донесе реми: Македонија и Швајцарија поделиле бодови во Винтертур

9 месеци ago

ВИДЕО: Драма на крузер закотвен во Франција, избувна нова епидемија, еден патник почина

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Повеќе од 250 руски војници се предале во операцијата „Вивалди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Скопје утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Купила паричник од продавница за половни работи, а потоа открила што се крие во него

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Топлотен бран од Сахара се движи кон Балканот: Следуваат сончеви и топли денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерката за енергетика Божиновска: Со продолжувањето на понискиот ДДВ за дизелот го ублажуваме притисокот врз граѓаните и стопанството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.