петок, октомври 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

46-годишен возач осомничен за несреќата во Радишани во која загина мотоциклист

by Уредник
09.08.2026
in Црна Хроника
46-годишен возач осомничен за несреќата во Радишани во која загина мотоциклист

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе скратена постапка против 46-годишен возач поради тешката сообраќајна несреќа што се случи во Радишани, во која животот го загуби мотоциклистот Никола Макрачевски.

Осомничениот се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода по член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од Обвинителството, несреќата се случила на 7 август околу пладне, додека осомничениот управувал со автомобил „Сеат Алтеа“ по улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани.

Кога пристигнал на крстосницата со улицата „18“, каде што сообраќајот не е регулиран со сообраќајни знаци, возачот започнал да врти налево без да им даде првенство на возилата кои се движеле од спротивната насока.

На тој начин му го пресекол патот на мотоцикл „Кавасаки“, кој од спротивната страна продолжувал да се движи во својата насока.

Во обид да избегне директен судир со „Сеат Алтеа“, мотоциклистот свртел налево и преминал на коловозна лента наменета за сообраќај од спротивниот правец.

Таму, со предниот дел од мотоциклот удрил во автомобил „Алфа Ромео“, кој во тој момент се движел од спротивната насока.

Од силниот удар, мотоциклистот Никола Макрачевски излетал од моторот и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Од последиците на повредите тој подоцна починал.

Во сообраќајната несреќа со полесни телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „Алфа Ромео“.

Според Обвинителството, 46-годишниот осомничен, наместо да остане на местото и да укаже помош на повредените, го напуштил местото на сообраќајната несреќа.

За обезбедување на неговото присуство во понатамошниот тек на постапката, јавниот обвинител предложил повеќе мерки на претпазливост.

Предложени се забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа, како и одземање на возачката дозвола.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Снимката го откри прекршокот: МВР го пронајде возачот кој го блокираше сообраќајот во Скопје

08.10.2026

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

07.10.2026

Приведен виш обвинител од Битола: При претресот му се одземени шест телефони, УСБ и компјутер

07.10.2026

Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени

07.10.2026

Виш обвинител под истрага: Се сомничи дека ургирал за пониски казни во најмалку четири предмети

07.10.2026

Претрес во Гостивар: Пронајдени автоматска пушка и 127 куршуми

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кичево добива нов модерен спортско-рекреативен парк

6 месеци ago

Доказите во „Пулс“: Лиценцата од 2012 издадена за друг објект, а не за местото на трагедијата

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре без струја Аеродром и Кисела Вода – еве кои улици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетово и Желино утре без струја – еве каде и кога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избегнете скапи дефекти: Овој мал дел е клучен за моторот, а неговото занемарување може скапо да ве чини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Од Чаир до балканскиот врв, борачите на ШКУПИ освоија три медали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војници на границата со Русија: Литванија презема превентивни мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.