Новак Ѓоковиќ приреди вистинско изненадување за публиката на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови, откако во еден момент од посетител се претвори во дел од шоуто и се качи на сцената.
Концертот на Георгиев се одржа синоќа, 8 август, на тврдината Канли Кула во Херцег Нови, како дел од неговата концертна турнеја „Господски“.
Посебен момент на вечерта следуваше кога на сцената со Георгиев беше и Игор Лазиќ – Нигор.
Тогаш им се придружи и Ѓоковиќ, на огромно задоволство на присутните.
ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА
Најдобриот српски тенисер го зеде микрофонот, а заедно со Владо Георгиев и Нигор ја запеаја познатата песна „Тропски бар“. Снимките од настапот брзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ беше видно расположен, пееше и танцуваше на сцената, додека публиката со воодушевување го поздравуваше неговото неочекувано појавување.
Според регионалните медиуми, Новак концертот најпрво го следел од публиката заедно со сопругата Јелена, пред да се приклучи на Георгиев и Нигор на сцената.
Моментот предизвика одушевување меѓу присутните, а од публиката се слушаа и скандирања „Ноле, Ноле“.
Неочекуваното музичко гостување на Ѓоковиќ на Канли Кула така стана еден од највпечатливите моменти на концертот, а видеото од заедничкиот настап на Ѓоковиќ, Георгиев и Нигор веќе привлекува големо внимание на социјалните мрежи.
ВИДЕО: НОВАК САКА САМО ДА СЕ ЗАБАВУВА











