недела, октомври 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Големо поевтинување на горивата од полноќ

by Redakcija
10.08.2026
in Економија

Од полноќ возачите во Македонија ќе плаќаат значително пониски цени за гориво, откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.

Најголемо намалување има кај дизелот. Од 11 август во 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар, односно за 8 денари помалку од досегашната цена.

Поевтинуваат и бензините. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини најмногу 89 денари за литар. Кај двата бензина намалувањето изнесува 4 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 поевтинува за 6 денари и неговата максимална цена ќе изнесува 92,50 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 2,881 денар за килограм и ќе изнесува 43,538 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека намалувањето на цените е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во споредба со претходната пресметка, референтните цени на бензините се намалени за 6,186 отсто, на дизелот за 10,435 отсто, на екстра лесното масло за 8,138 отсто, додека кај мазутот намалувањето изнесува 7,151 отсто.

Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот во периодот според кој се формирани цените е понизок за 1,0313 отсто.

Од Регулаторната комисија нагласуваат дека станува збор за максимални цени. Тоа значи дека трговците на големо и мало можат горивата да ги продаваат и по пониски цени од утврдените максимални износи.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари: Програмерите со над 111.000 денари

04.10.2026

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми извозот на нафта за само еден месец

03.10.2026

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

03.10.2026

Македонското пиво освојува странски пазари: Косово и Албанија го носат најголемиот дел од извозот

03.10.2026

Максималниот рок за отплата на станбените кредити се намалува

03.10.2026

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи- јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот

03.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Акцијата „Global Chain“: Откриен случај на нелегално посвојување и истрага за присилно питачење

3 месеци ago
makedonska alijansa za evropska integracija

Дали Албанија го користи Преспанскиот договор како алатка за ускратување на правата на македонското малцинство?

9 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија ги подготвува пристаништата за воена логистика: Вежба во Хамбург, голема инвестиција во Бремерхафен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран ја повика Франција да не употребува прекумерна сила врз учениците што протестираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА ги чествуваше македонските светители и 40 години служба на г.г. Стефан,

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евтините дрва може скапо да ги чинат шумите: Апел граѓаните да не купуваат од нелегални продавачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.