понеделник, август 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции – поефикасно планирање и управување со капиталните проекти

by Redakcija
10.08.2026
in Економија, Топ Вести

10 август 2026, Скопје – Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. 

Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Министерството за финансии по донесување на Уредбата за управување со јавни инвестиции започна со прибирање предлог-проектни идеи со средна и голема вредност, односно над 5 милиони евра, на коишто Министерството за финансии  изврши детална проверка од аспект на комплетноста на документацијата, квалитетот на доставените податоци, стратешката релевантност и основната подготвеност на проектната идеја за понатамошна разработка и врз основа на таа анализа изготви Листа на предлог проектни идеи за јавни инвестиции и мислење за финансиските аспекти, одржливоста и изводливоста на предлог проектна идеја којашто беше доставена до Комитетот за јавни инвестиции на одобрување и доставување до Владата на усвојување.

На листата се содржани проекти од областа на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетика, дигитализација, како и проекти од областа на земјоделството и водостопанството.

Првата конечна приоритетна листа, којашто е усвоена,  ќе биде клучна основа за дефинирање на новите капитални инвестиции во буџетскиот процес за 2027 година, како и во инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, што значи дека институциите при своето идно инвестициско планирање треба да се  усогласат со оваа листа.

Имено, вклучувањето на предлог проектите на конечната приоритетна листа  на предлог проекти за јавни инвестиции не значи и обврска за негово финансирање, ниту конечна одлука за негово спроведување. Одлуката за финансирање на предлог проектот ќе се носи понатаму, преку процесот на капитално буџетирање во рамките на расположливите буџетски средства, односно преку инвестициско планирање во рамките на расположливите финансиски средства на јавните субјекти кои не се буџетски корисници, во зависност од зрелоста на проектот и приоритетите на Владата за соодветната фискална година.

Донесувањето на Уредбата, како и на оваа листа е во согласност со Реформската агенда 2024 – 2027 а во насока на управувањето со јавните инвестиции. Уредбата произлегува од Законот за буџети и е донесена минатата година. Комитетот за јавни инвестиции исто така беше формиран минатата година, а првиот состанок се одржа во април оваа година со што започна примена на еден посистематски пристап во планирањето и управувањето со јавните инвестиции во државата. Односно, станува збор за нов начин на организирање и носење одлуки за капитални проекти со вредност над 5 милиони евра, а целта е одлуките за реализација на проектите да се ностат транспарентно и поедноставно да се планираат буџетите за следните години.

Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции е објавена на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/upravuvanje-so-javni-investiciii-file-Zznn.pdf.

…

Related Posts

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

10.08.2026

Големо поевтинување на горивата од полноќ

10.08.2026

Николоски: Слава им на хероите кои ги дадоа животите за Македонија

10.08.2026

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

10.08.2026

Коњановски: Интензивно работиме на подобрување на инфраструктурата во Битола (ВИДЕО)

09.08.2026

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

08.08.2026

Препорачани Вести

Трамп: Војната со Иран е поважна од растот на цените на бензинот

5 месеци ago
Одлука на Федералните резерви: Каматните стапки остануваат непроменети, додека се соочуваме со инфлација и геополитички ризици

Одлука на Федералните резерви: Каматните стапки остануваат непроменети, додека се соочуваме со инфлација и геополитички ризици

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре почнува пописот во Австралија: Македонската заедница повикува на масовно изјаснување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија, има повредени и голема штета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инспекторатот во акција: Се ослободуваат тротоарите во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции – поефикасно планирање и управување со капиталните проекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.