СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово, поради сомнение дека лажно пријавил кражба на огромна сума пари.
Според информациите од полицијата, на 3 март 2026 година, Т.М. пријавил во СВР Тетово дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите баба и дедо му одзеле околу 3,5 милиони денари.
Полицијата презела мерки за расчистување на случајот, при што било утврдено дека пријавата не била вистинита.
Поради тоа, против 28-годишникот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“.
…











