СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти земал пари во износ од 15.000 евра од две лица од тетовско, односно ги измамил дека ќе им го среди работниот стаж во странска земја за да можат да добијат пензија.
…











