Шеесет и осумгодишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен вчера, 11 август, во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавата, А.В. од село Беровци го пронашол својот 68-годишен татко С.В. починат во нива во атарот на селото.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош од Прилеп, при што лекар констатирал смрт.
Во близина, односно во возилото, била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката.
На местото бил извршен увид од страна на надлежните екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Обдукцијата треба да помогне да се утврдат точните причини и околности под кои настанала смртта.
Полицијата и надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
…











