Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице
Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според информациите, немало видливи повреди.
Првичната истрага покажала дека се работи за 46-годишниот Б.Д. од Грузија. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
…












