сабота, август 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Полицијата дојде до голем плен – МВР со детали

by Redakcija
15.08.2026
in Црна Хроника

Лишено од слобода лице од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра

На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко.

Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В., за кого од надлежен суд била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на домот, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

На крстосницата за село Бучим, полициските службеници го запреле возилото, при што при извршен преглед биле пронајдени 14.440 евра во различни апоени, за кои М.В. не приложил доказ за нивното потекло.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицето било задржано во Полициската станица Радовиш.
На 14.08.2026 година, М.В. бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

Од страна на ОВР Радовиш, по насоки на јавен обвинител, се преземаат дополнителни мерки и активности за утврдување на сите факти и околности и обезбедување докази во врска со сомнението за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик.

…

Related Posts

Затекнати додека подметнуваат пожари: Уапсени две лица во Битола и Прилеп

15.08.2026

Во тек е голема полициска акција – МВР со детали

14.08.2026

Полицијата запрела „мерцедес“ во Тетово: Двајца приведени, пронајдена бела прашкаста материја

14.08.2026

Меѓународна акција во Македонија, Косово и Грција: Уапсени членови на криминална група, запленети 300 килограми марихуана

14.08.2026

Физички напад пред пешачки премин: Жена се нафрлила врз 15-годишно девојче

14.08.2026

Скопјанка нападнала вработена во обезбедување на државна институција, па се нафрлила и врз полицаец

14.08.2026

Препорачани Вести

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздравува акцијата на албанската полиција за лажни потврди за бугарско потекло

4 месеци ago

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ!

5 месеци ago

Популарни Вести

  • За улиците без име во Тетово – предложени 77 имиња поврзани со македонската историја, култура и идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата дојде до голем плен – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп е подготвен, Македонија во срцето – голем музичко-сценски спектакл за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски на терен: Продолжува интензивната изградба на автопатот Охрид–Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: 239 милиони евра веќе се пласирани во македонската економија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.