недела, август 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

(ВИДЕО) Граѓани се тепаа пред Полициската станица во Кочани, интервенираше МВР – четворица приведени

by Уредник
16.08.2026
in Црна Хроника
(ВИДЕО) Граѓани се тепаа пред Полициската станица во Кочани, интервенираше МВР – четворица приведени


Масовна физичка пресметка се случила вчера попладне во Кочани, во непосредна близина на влезот на Полициската станица, а снимки од инцидентот набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Во тепачката учествувале шест лица, а според информациите што се појавија во јавноста, неколкумина биле повредени. Настанот официјално го потврди и Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека вчера, 15 август 2026 година, во 19:15 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од струмичкото село Баница.

Според полицијата, на физичката пресметка ѝ претходела расправија на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани.

По вербалниот конфликт дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле вклучени вкупно шест лица.

Полициските службеници презеле мерки на местото на настанот, по што четири лица биле приведени.

По целосното документирање на случајот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци.

Од МВР најавија и дополнително испитување на сите околности поврзани со настанот.

„За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Случајот привлече дополнително внимание во јавноста поради тоа што физичката пресметка се случила непосредно пред полициската станица, а снимките од инцидентот масовно се споделуваа на социјалните мрежи.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Related Posts

(ВИДЕО) Хаос на концерт на „Амадеус бенд“: Масовна тепачка, напад на полицаец и две апсења

(ВИДЕО) Хаос на концерт на „Амадеус бенд“: Масовна тепачка, напад на полицаец и две апсења

16.08.2026
Грчките власти разбија меѓународна шверцерска шема: Организатор од Македонија криел 324 килограми марихуана во бали хартија

Грчките власти разбија меѓународна шверцерска шема: Организатор од Македонија криел 324 килограми марихуана во бали хартија

16.08.2026
(ВИДЕО) Страшна ноќ во Зелениково: Пожарот бил на чекор од куќите, сите се вклучиле во гаснењето

(ВИДЕО) Страшна ноќ во Зелениково: Пожарот бил на чекор од куќите, сите се вклучиле во гаснењето

16.08.2026
Црна ноќ во Унгарија: Полски автобус се преврте на автопат, десетици повредени и 12 загинати

Црна ноќ во Унгарија: Полски автобус се преврте на автопат, десетици повредени и 12 загинати

16.08.2026

Притвор за Тетовчанец – Се заканувал дека ќе ги запали сопругата и ќерката

15.08.2026

Пет лица повредени во тешка сообраќајка на патот Струга-Охрид

15.08.2026

Препорачани Вести

Проданоски: Стартува проектот за поголема безбедност во сообраќајот во Прилеп

2 месеци ago

Мобилната единица на полицијата во акција – 18 лица уапсени

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Спасена на море кај Халкидики, па казнета: 41-годишна бугарка западнала во проблеми со SUP даска

    Спасена на море кај Халкидики, па казнета: 41-годишна бугарка западнала во проблеми со SUP даска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Граѓани се тепаа пред Полициската станица во Кочани, интервенираше МВР – четворица приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Хаос на концерт на „Амадеус бенд“: Масовна тепачка, напад на полицаец и две апсења

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Туристи по костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово – јавноста бара итна реакција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТАБОРОТ НА ГРУБИ УДРИ ПО „ПОЛИТБИРОТО“ НА ДУИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.