понеделник, август 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Битката со огнената стихија продолжува: Активни седум пожари низ Македонија

by Redakcija
17.08.2026
in Македонија

Во Македонија до 18:00 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се ставени под контрола, а 13 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, како и кај Батинци во Општина Студеничани. Пожар има и во близина на село Палиград во Општина Зелениково, каде што е зафатена ниска вегетација и шума.

Активни се и пожарите кај м.в. Видуш, во близина на селата Драгов Дол и Локвица, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Поголем пожар е активен и во реонот на село С’лп, на потегот Горно Село, со ширење кон Карабуњиште, Бузалково, Добрино и Тисовица. Зафатени се ниска вегетација, дабова и габерова шума.

Пожарот кај селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце се проширил кон село Бојане во Општина Сарај, каде што гори мешана шума.

Активен е и пожарот во прилепското село Чаниште, каде што е зафатена ниска вегетација.

Под контрола, според ЦУК, се пожарите во депониите кај село Железница во Кратовско и во Делечево.

Во текот на денот се изгаснати вкупно 13 пожари, меѓу кои и пожари во Кумановско, Крушевско, Прилепско, Долненско, Битолско, Ресенско, Штипско, Желинско, Дојранско, Струшко, Росоманско и Студеничанско.

Надлежните служби продолжуваат со активностите за гаснење и локализирање на активните пожари, како и со следење на состојбата на терен.

Related Posts

Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

17.08.2026
Големиот пожар кај Солун сè уште беснее: Евакуирани жители, повредени пожарникари и уапсен 76-годишник

Пожарот се приближи до Чаниште, зафатени неколку куќи

17.08.2026

Ако видите мртва дива птица, веднаш да пријавите – Гавраните се најчести резервоари на западнонилска треска

17.08.2026
УЈП започна со исплата на ДДВ повратот за првото тримесечје од 2026 година

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

17.08.2026

Трети смртен случај од западнонилска треска во Македонија, шест пациенти во критична состојба

17.08.2026

ВЛЕН: ДУИ функционира како политбиро, тесен круг ги носи сите одлуки

17.08.2026

Препорачани Вести

Спречен увоз на над 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

2 месеци ago
venecuela

Венецуела е согласна за соработка кон САД по соборувањето и уапсувањето на Николас Мадуро

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ЗЕМЈОДЕЛЕЦ СО ПЛУГ УНИШТИ ШТОТУКУ АСФАЛТИРАН ПАТ – Штетата е 70.000 евра!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битката со огнената стихија продолжува: Активни седум пожари низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожарот се приближи до Чаниште, зафатени неколку куќи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар избувнал во куќа во Јегуновце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.