Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи дека, како што наведува, се обидува да пласира лажни информации како веродостојни и со тоа да ѝ наштети на Македонија.
„Штета што еден поранешен министер за надворешни, обидувајќи се да ја девалвира Владата, ја понижува државата, а истото го прави пласирајќи ги лажните вести на Виктор Стојанов како веродостојни информации. Многу ниски удари од политичар кој претендира да ја води ДУИ“, напиша Милошоски.
Реакцијата на Милошоски следува по настапот на Бујар Османи, за кој пратеникот смета дека преку споделување и афирмирање на тврдењата на Виктор Стојанов, тие се претставуваат пред јавноста како релевантни информации.
Милошоски оценува дека ваквото постапување не е само политичка критика кон Владата, туку може да има и пошироки последици врз угледот и интересите на државата.
Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во моментов е еден од кандидатите за лидерската позиција во ДУИ.
🇲🇰🇪🇺 Штета што еден поранешен министер за надворешни, обидувајќи се да ја девалвира владата, ја понижува државата, а истото го прави пласирајќи ги лажните вести на Виктор Стојанов, како веродостојни информации.
Многу ниски удари од политичар кој претендира да ја води ДУИ❗️ https://t.co/tRN9HC5pep— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) August 21, 2026
…












