Двајца мажи се повредени во вооружен напад што се случил рано утрово во Арачиново, откако било пукано кон патничко возило во кое се наоѓале две лица.
Според пријавеното во Секторот за внатрешни работи Скопје, инцидентот се случил околу 5:45 часот на улицата „18“ во Арачиново.
Веднаш по пријавата, на местото излегле полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и од Единицата за интервентна полиција.
При увидот било утврдено дека било пукано кон патничко моторно возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки.
Во автомобилот во моментот на нападот се наоѓале И.И. (34) и Ш.И. (42), кои се здобиле со повреди.
Двајцата биле пренесени во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со вооружениот напад.












