четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

КРИТ ПОД „ОПСАДА“ НА МРШОЈАДИ: Исцрпени птици бараат спас од жештините кај туристите

by Redakcija
27.08.2026
in Балкан

Необични сцени сè почесто ги забележуваат туристите на Крит, каде изнемоштени мршојадци се појавуваат на најневообичаени места – од плажи и лежалки, до автомобили, автопати и аеродроми. Снимките брзо се шират на социјалните мрежи, а експертите предупредуваат дека ваквата појава е поврзана со сушата и долгите периоди на екстремно високи температури.

АНИМА е организација за заштита, згрижување, спасување, лекување и враќање во природата на диви животни со седиште во Атина и токму таму се испраќаат пронајдените и спасените мршојадци, доколку имаат потреба од грижа и нега.

Ганоти вели дека од крајот на јули згрижиле 30 мршојадци, додека пак само во текот на вчерашниот ден кај нив пристигнале пет, што според неа е значително голем број, а нагласува дека при пронаоѓањето, она што е најважно и потребно е да им се стави сад со вода.

Мршојадците на Крит се во многу добра состојба со стабилна популација, па затоа има доста млади. Проблемот е што младите мршојадци се неискусни. Многупати се неискусни и во летањето, ги зафаќаат воздушни струења, па завршуваат во морето, од каде што луѓето ги извлекуваат. Или, пак, не успеваат да ги најдат изворите на вода и храна што возрасните ги знаат, па дехидрираат и се исцрпуваат и затоа ги наоѓаат на пример на улици, неподвижни, а автомобилите застануваат и луѓето се прашуваат: „Што е ова?“. Она што им е потребно на овие млади мршојадци, пред сè, е да им се стави сад со вода. Тоа е најважно, објаснува претседателката на АНИМА.

Додава дека потоа, граѓаните треба да ја известат шумската служба од општината или Природонаучниот музеј, кои ги преземаат животните и ги пренесуваат во центрите за згрижување.

– Ние, повеќето од оние што ќе стигнат кај нас, ги ставаме на интензивна терапија со течности, односно веднаш им даваме инфузија, понекогаш неколку дена, додека не закрепнат. Потоа, по шест до осум месеци ги враќаме на Крит, додава Ганоти.

Социјалните мрежи во Грција во изминатите денови се преплавени со видеа и фотографии: „Мршојадец на лежалка на плажа“; „Возиш и мршојадец ти застанува на хаубата од автомобилот и се вози со тебе“; „Неочекуван гостин на плажа“.

Како што објави МИА во понеделникот, мршојадец „слетал“ на задното крило на авион паркиран на пистата на аеродромот во градот Ираклио, а беше спасен по интервенција на припадниците на противпожарната служба, за што пожарникарот Антонис Петракис на социјалните мрежи објави фотографии.

Последниот случај објавен на социјалните мрежи е од пред два дена, кога возачот Танасис Гунарис наишол на мршојадец на најпрометниот автопат на Крит во близина на градот Ретимно, застанал, заедно со други возачи за како што вели, да спасат еден живот.

– Едно прекрасно диво суштество, очигледно исцрпено, додека околу него автомобилите поминуваа со голема брзина. Веднаш застанав. Заедно со другите луѓе кои се најдоа на местото, накратко го прекинавме сообраќајот и со голема претпазливост, успеавме да го тргнеме од коловозот пред да се случи најлошото. Имав само малку вода и малку храна за мачки. Му ставив вода и му дадов малку храна, главно за да остане на безбедното место и повторно да не излезе на патот. И останавме таму со него, обидувајќи се да го заштитиме од автомобилите што поминуваа, напиша Гунарис на Фејсбук, објавувајќи видео од мршојадецот и додавајќи дека веднаш стапил во контакт со АНИМА и добил упатства по што од шумската служба од Ретимно го презеле животното.

Извор: vecer.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО – Хаос во Истанбул: Поројните дождови урнаа делови од патишта и го блокираа сообраќајот

15.10.2026

Протести и судири во Тирана, Рама тврди дека нема да отстапи

15.10.2026

Водени топови и приведувања на протестите во Тирана, демонстрантите бараат оставка од Рама

14.10.2026

Хрватски и германски ловци кренати по тревога во патнички авион

13.10.2026

Казни од 500 до 1.500 евра за неоправдано недоаѓање на преглед за воен рок во Хрватска

13.10.2026
ЕУ ја поддржува Кипар по нападот со дронови врз британската база во Акротири

Подгорица со 21 затворено поглавје, Фон дер Лејен го поздрави напредокот и на Тирана

13.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Обвинителството денес ќе ја соопшти пресудата за Стојанче Јовановски

Обвинителството денес ќе ја соопшти пресудата за Стојанче Јовановски

5 месеци ago

Халкбанка со важно предупредување

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Сакаме инвестиции со јасни правила и реални придобивки за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск повторно побара Зеленски да се повлече: „Време е да си оди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски: САД им се заканиле на моите генерали со прекин на разузнавачката соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Хаос во Истанбул: Поројните дождови урнаа делови од патишта и го блокираа сообраќајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протести и судири во Тирана, Рама тврди дека нема да отстапи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.