понеделник, октомври 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

by Redakcija
30.08.2026
in Економија, Топ Вести

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос на приносот по хектар, така и во однос на квалитетот.

Жетвата е реализирана на површина од околу 250 хектари, на земјоделските површини на Сарамзалино Аграр, Ерџелија Полјоделство и Агриа. На површините е поставен систем за наводнување „капка по капка“, кој овозможува поефикасно и контролирано користење на водата и создавање подобри услови за земјоделското производство.

И покрај тешките временски услови во текот на сезоната, постигнатите резултати се за повеќе од 20 проценти подобри во однос на минатата година.

Жетвата се изведува целосно со сопствени капацитети на Ерџелија Полјоделство и Сарамзалино Аграр, со современа земјоделска механизација, меѓу која и современ силажен комбајн John Deere 8800.

Произведената пченкарна силажа се користи како суровина за биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино, општина Лозово, каде преку процес на анаеробна ферментација се произведуваат биогас и електрична енергија.

Поврзувањето на современото земјоделско производство со производството на енергија од обновливи извори е дел од интегрираниот модел што ФЕРОИНВЕСТ го развива во Сарамзалино. Инвестициите во системи за наводнување, современа механизација и унапредување на земјоделското производство придонесуваат за поголема продуктивност и обезбедување квалитетна суровина за производство на енергија од биогас.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 28,69 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

18.10.2026

Проданоски: Над 1.100 учесници на „ЧЕ ТРЧАМЕ“, Прилеп покажа големо спортско срце

18.10.2026

Димовски: Нашата етногенеза не може да зависи од одлука на соседна влада

18.10.2026

Меџити: Мастер-планот за Чаир предвидува подобра инфраструктура и модерни јавни простори

17.10.2026

Тоневски: Се реконструира дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип, следната недела се очекува асфалтирање

17.10.2026

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

17.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Манасиевски: Советник на Спасовски вршел притисок врз обвинители во СЈО

8 месеци ago

Ограбена џамија во Тетово, украден сеф со донации

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Механичар подигнал кинески автомобил на дигалка и останал без зборови: „Европејци, внимавајте!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕВРОПА ГОРИ: Се подготвува ли револуција? Младите масовно излегуваат на улиците на големите градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја имате ли оваа монета од две евра? Редок примерок може да вреди илјадници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овен, Вага и Водолија: Новата недела отвора важни разговори за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, разликата со СДСМ е над 4 спрема 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.