понеделник, август 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Зад секоја успешна генерација стојат луѓе кои знаат да пренесат знаење, да воспитуваат и да инспирираат

by Redakcija
31.08.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати благодарност и признание до најдобрите наставници, воспитувачи и негователи за учебната 2025/2026 година, истакнувајќи ја нивната значајна улога во воспитувањето и образованието на младите генерации.

„Зад секоја успешна генерација стојат луѓе кои знаат да пренесат знаење, да воспитуваат и да инспирираат“, порача Проданоски.

Тој нагласи дека одговорноста на наставниците, воспитувачите и негователите не завршува со еден наставен час, една лекција или еден работен ден, туку дека со своето знаење, посветеност и личен пример тие влијаат врз тоа какви луѓе ќе станат децата и какво општество ќе се гради во иднина.

Најдобрите за учебната 2025/2026 година беа избрани од Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на Општина Прилеп, согласно правилникот и критериумите утврдени со јавните повици.

За најдобар наставник во одделенска настава во основните општински училишта е избрана Каролина Тренеска од ООУ „Кочо Рацин“, додека признанието за најдобар наставник во предметна настава го доби Кети Иваноска од ООУ „Гоце Делчев“.

За најдобар наставник во средните општински училишта е избрана Мирјана Стојческа – Ѓорѓиоска од СОУ „Орде Чопела“.

Во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, признанието за најдобар воспитувач го доби Емилија Иваноска, а за најдобар неговател е избрана Ирена Горгиеска.

Проданоски истакна дека признанијата претставуваат благодарност за нивниот професионален ангажман, но и признание за професијата од која зависат темелите на секоја идна генерација.

„Вашиот успех е признание за вас, но и гордост за училиштата и установите во кои работите, за вашите колеги, ученици и цела Општина Прилеп“, порача градоначалникот.

…

Related Posts

Коњановски: Над 310 милиони денари вложуваме во училишната спортска инфраструктура во Битола

31.08.2026

Проданоски: Општина Прилеп е целосно подготвена за новата учебна година (ВИДЕО)

31.08.2026

Општина Битола: Пелистер повторно во знакот на адреналинот – одржано 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“

31.08.2026

ДИЗЕЛОТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОЕВТИНУВА : Од полноќ нови цени на горивата

31.08.2026

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

31.08.2026

Општина Битола: Споменот за Александар Турунџев живее и по 121 година

31.08.2026

Препорачани Вести

Митрополитот Наум стана нов член на Синодот на МПЦ-ОА

Митрополитот Наум стана нов член на Синодот на МПЦ-ОА

3 месеци ago

Полициска акција во неколку градови: пет лица се приведени 

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Преживеаните од бродоломот на Кипар: „Седиштата почнаа да лебдат, капетанот продолжи да плови, а потоа се слушна експлозија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 16-годишник од Тетово фатен како управува „БМВ“ без возачка дозвола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија добива фабрика за литиумски батерии вредна 100,5 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Над 310 милиони денари вложуваме во училишната спортска инфраструктура во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Општина Прилеп е целосно подготвена за новата учебна година (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.