вторник, септември 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

by Redakcija
01.09.2026
in Економија

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска рамка, вредна околу два билиона евра, да биде насочена кон поголема економска и индустриска независност на Унијата.

Очекувањата се дека значаен дел од идните инвестиции ќе бидат насочени кон ископ и производство на критични минерали на европско тло. Според „Политико“, ова доаѓа во услови кога ЕУ настојува да ја намали зависноста од кинеските синџири на снабдување со критични суровини.

Во овој европски контекст, Македонија располага со потенцијал за критични минерали, но има ограничен број активни инвестиции во нивна експлоатација. Единствениот актуелен проект за ископ на критичен минерал е „Иловица-Штука“, каде се планира производство на бакар.

Кај нас пак, државата не учествува во инвестирање во рударски проекти за критични минерали, од кои поседува огромни количини на бакар. Дополнително, не се стимулираат ниту приватните инвестиции. Засега единствена инвестиција во ископ на критичен минерал е проектот за рудник за бакар во Иловица. Од компанијата инвеститор „Еуромакс ресоурцес“ претходно нагласија дека наоѓалиштето е на територија на која се протега богат геолошки појас од светска класа. Оттаму додадоа дека ваквите појаси се многу ретки во светот и и таму каде што ќе се утврдат капацитети преку геолошки истражувања, се градат и оперираат рудници од кои државите и населението имаат долгорочни придобивки од природните богатства.  

Инаку, додека кај нас не е отворен нов рударски капацитет повеќе од четири децении, како што истакна неодамна претседателката на Европската Комисија во говорот пред француската бизнис асоцијација, „следниот буџет на ЕУ ќе биде финансиската потпора за нашата независност“.Според неа, Европа треба да биде континент што произведува, инвестира и штити и повика да се врати индустрискиот капацитет во срцето на економската активност. 

„Кина контролира клучни алки во нашите синџири на снабдување. Ние сме повеќе од 80% зависни од Кина за многу критични суровини и 90% за некои ретки земни метали. Видовме дека оваа зависност може да се користи против нас. Затоа мора да го обезбедиме почитувањето на фер услови. Дијалогот со Кина останува неопходен, но тој мора да даде резултати. Кога дијалогот нема да биде доволен, мора да бидеме подготвени целосно да ги искористиме нашите инструменти“, додаде Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека Унијата мора да се заложи за побрзо издавање дозволи за индустриските проекти, особено во проектите кои се однесуваат на пазарите за челик, цемент, алуминиум, возила, батерии и зелени технологии.

„Ние не бираме помеѓу климата и индустријата. Ја претвораме транзицијата во движечка сила за посилна европска индустрија. Индустрија која има иновации тука, произведува тука и ги освојува пазарите на иднината. Тоа е она што ни треба“, заклучи претседателката на ЕК.

Инаку, проценките на домашните институции покажуваат дека рударскиот сектор во Македонија создава повеќе од 250 милиони евра годишна производствена вредност, што го вбројува меѓу позначајните индустриски сектори. Сепак, овие бројки се далеку помали од земјите од регионот. Србија од рударството заработува 3,5 милијарди евра годишно, додека пак Бугарија 2,2 милијарди евра. Грција изминатиов период започна да отвора и инвестира во нови капацитети, но и покрај тоа, рударството им носи околу 1,2 милијарди евра. Албанија пак, претежно поради капацитетите на хром, може да обезбеди 500 милиони евра во буџетот.

…

Related Posts

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,25 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

01.09.2026

Преку Министерството за финансии ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје – инвестиција од 92,7 милиони денари

01.09.2026

Ново покачување на платите за наставниците

01.09.2026

Пензионерските и инвестициските фондови го забрзаа растот: ОФИ со 336 милијарди денари средства

31.08.2026

ДИЗЕЛОТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОЕВТИНУВА : Од полноќ нови цени на горивата

31.08.2026

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

30.08.2026

Препорачани Вести

Ски стазата Копанки побеле, Пелистер во зимска идила

8 месеци ago

ТРАГЕДИЈА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: ПОЧИНА БЕБЕ, НАРЕДЕНА ОБДУКЦИЈА

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,25 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ножеви и пендрек во тепачка во Скопје: приведени 19-годишник и 13-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски со битолските првачиња на првиот училишен ден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.