четврток, септември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Успешниот домашен модел ја зацврстува регионалната експертиза: ЕОС Матрих ги проширува своите активности во Косово

by Redakcija
10.09.2026
in Македонија

По успешното позиционирање на секундарниот финансиски пазар во Македонија и долгогодишното искуство во управувањето со побарувања и откупот на портфолија, ЕОС Матрих го прави следниот чекор во регионалната експанзија со обновување на активностите на пазарот во Косово. Проширувањето на активностите следува по усвојувањето на новиот Закон за банки на Косово, со кој се креираа услови за примена на современи методи и експертиза за управување со побарувања и откуп на портфолија од нефункционални кредити.

Косовскиот финансиски пазар е добро познат простор за ЕОС Матрих и место каде моделот што компанијата го разви во земјава, адаптиран на тамошните специфики, може да го претвори откупот на нефункционални кредити во уште една алатка за поефикасно управување со банкарските портфолија. Со новата регулаторна рамка Косово е пазар што нуди можности за брз развој на секундарниот пазар на нефункционални пласмани, а во кој ЕОС Матрих гледа значаен потенцијал за поефикасно функционирање на финансискиот сектор.

„Косово е пазар што EOS добро го познава и на кој сега повторно градиме сопствена позиција. Ова не е толку нов почеток, колку што е враќање, и јас лично со нетрпение го очекувам тоа. Носиме огромна предност како меѓународно признат и етаблиран партнер. Нашето искуство во преземањето комплексни портфолија на нефункционални пласмани, континуираните инвестиции во дигитални алатки и напредни ИТ решенија, дополнително ќе придонесат за развој на секундарниот финансиски пазар во Косово, што ќе донесе позитивни ефекти за националната економија и ќе ја унапреди финансиската кондиција на реалниот сектор“, изјави д-р Катерина Бошевска, главен извршен директор на EOS Матрих во Македонија и Косово.

На домашниот пазар ЕОС Матрих управува со портфолио од над 150.000 предмети, а вкупните инвестиции на компанијата надминаа 30 милиони евра. Високите меѓународни стандарди и практики што компанијата ги применува во секторот за специјализирани финансиски услуги, придонесоа за поголема финансиска стабилност на земјата.

ЕОС Матрих отворено се залага за развој на функционален, стабилен и одржлив пазар на нефункционални пласмани во Косово, како важен дел од современиот финансиски систем. Ефикасното управување со нефункционалните пласмани им овозможува на банките да ослободат простор во своите биланси за ново кредитирање и на тој начин да ја поддржат ликвидноста, инвестициите и економската активност. Зголемената динамика на двата пазари уште еднаш ја потврдува јасната лидерска позиција на компанијата, паралелно зајакнувајќи ја финансиската стабилност на регионот.

Покрај преземањето на комплексни портфолија на нефункционални пласмани, компанијата континуирано ги развива дигиталните алатки, како што е платформата MyEOS, којашто овозможува сигурен, транспарентен и флексибилен пристап за клиентите во управувањето со нивните обврски.

Плановите на компанијата беа претставени на почетокот на септември, во рамките на посетата на Приштина, при што беше одржан и состанок со Љуљзим Рафуна, претседател на Стопанската комора на Косово.

За натамошниот развој на овој пазар, компанијата го препознава како особено значајно усогласувањето со европската регулатива и воспоставувањето јасна, транспарентна и предвидлива рамка за сите учесници. Како дел од меѓународна групација со долгогодишно искуство на европските пазари, ЕОС Матрих располага со воспоставени процеси, стандарди и експертиза што може да придонесат кон развој на професионален пристап во управувањето со нефункционалните побарувања и во Косово.

Паралелно со деловното проширување, ЕОС Матрих ја поддржува и регионалната иницијатива за родово избалансирано корпоративно лидерство Women on Boards Adria (WOBA), која ги проширува своите активности на косовскиот пазар. Главниот извршен директор на компанијата за Македонија и Косово, Катерина Бошевска, воедно е и првата амбасадорка на Women on Boards Adria за Косово. Во тоа својство, заедно со Тања Михајловска Димитриевска, главен регионален амбасадор на WOBA, на почетокот на септември одржаа серија состаноци во Приштина со претставници на бизнис-заедницата и институциите, со цел да ја претстават иницијативата и создадат поддршка за поголема застапеност на жените на раководни и управувачки позиции.

Women on Boards Adria беше лансирана во април 2023 година, во рамките на првото издание на Adria Future Summit, со поддршка од организациите European Women on Boards и Women at the Table.

…

Promotion

Related Posts

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

10.09.2026

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

10.09.2026

Следува голема промена на времето во Македонија – УХМР соопшти од кога

10.09.2026

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

10.09.2026

Николоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прават Македонија лидер во регионот

10.09.2026

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на регионот

09.09.2026

Препорачани Вести

Непознато лице со ATV предизвикало штета на патеките на Попова Шапка

8 месеци ago

Велика Британија и Германија ја осудија Русија: Нападите врз Украина се закана за цела Европа

1 месец ago

Популарни Вести

  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија може да го нападне Киев и цели на НАТО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Новата инвестиција на WIK носи до 300 нови работни места за Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Ставенa во функција нова ресурсна соба во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 16-годишник тешко повреден по пад од електричен тротинет во Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Успешниот домашен модел ја зацврстува регионалната експертиза: ЕОС Матрих ги проширува своите активности во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.