Шеснаесетгодишник од тетовското село Мала Речица се здобил со тешки телесни повреди откако паднал додека управувал електричен тротинет.
Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила на 9 септември во 22:30 часот во Мала Речица. Малолетникот, од засега непознати причини, изгубил контрола над електричниот тротинет и паднал.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово.
…












