петок, септември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Македонскиот рубин добива систем што ќе го гарантира неговото потекло и квалитет

by Redakcija
11.09.2026
in Економија, Топ Вести

Божиновска: Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална заштита, уредување и афирмација на македонскиот рубин.

Во Министерството денеска се одржа работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со новоформираната Комисија за македонскиот рубин, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, претставници од надлежните сектори за геологија и рударство во Министерството и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов, институцијата под чија стручна надлежност ќе функционира Комисијата.

Формирањето на Комисијата претставува нова фаза во процесот што започна со институционалното признавање и заштита на македонскиот рубин. Целта е заштитата да не остане само на ниво на правен статус, туку да се воспостави целосен и функционален систем со кој ќе се знае што се ископува, кој има право да го произведува и обработува, од каде потекнува рубинот и под кои услови може да се пласира на пазарот, регулирано со правилникот кој го донесе комисијата.

На работната средба беа дефинирани првичните приоритети на Комисијата, меѓу кои се:

  • воспоставување систем за сертифицирање на македонскиот рубин;
  • подготовка на каталог и регистар на овластени производители и обработувачи;
  • воспоставување механизам за евиденција на количините и движењето на рубинот;
  • гарантирање на автентичното потекло и следливостана рубинот;
  • утврдување стандарди за неговата обработка, презентација и означување;
  • спречување на злоупотреби и лажно претставување на други минерали како македонски рубин;
  • системско поврзување на геолошката, рударската и индустриско-правната заштита;
  • подготовка на активности за меѓународна афирмација и признавање на македонскиот рубин.

„Со заштитата на македонскиот рубин направивме историски чекор, но со тоа работата не завршува. Напротив, сега започнува следната, многу важна фаза – да воспоставиме систем кој ќе гарантира дека кога некој ќе купи македонски рубин, навистина знае дека станува збор за рубин со потекло од Македонија, кој е сертифициран, евидентиран и заштитен. Нашата цел е од природно богатство да создадеме препознатлива национална вредност и бренд со јасни правила и стандарди“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Особено значајна е соработката со Државниот завод за индустриска сопственост, кој е надлежен за системот на индустриска сопственост и има надлежности поврзани со географските називи и меѓународната соработка во областа на индустриската сопственост.

Со вклучувањето на ДЗИС, Геолошкиот завод и стручните служби на Министерството се воспоставува институционален механизам кој треба да ги поврзе геолошката експертиза, рударската регулатива и правната заштита, со крајна цел македонскиот рубин да добие јасно дефиниран статус, препознатливост и контролиран пазарен настап.

Паралелно со воспоставувањето на домашниот систем на сертификација и следливост, започнат е и процесот за меѓународна афирмација на македонскиот рубин, со амбиција неговата автентичност и потекло да бидат препознатливи и надвор од земјата.

„Македонскиот рубин не треба да биде само минерал кој го знаеме ние. Треба да стане препознатливо име поврзано со Македонија. Затоа работиме на систем кој ќе овозможи неговата вредност да се гради на автентичност, потекло, квалитет и доверба. Само така можеме да создадеме производ кој има и економска и национална вредност“, посочи Божиновска.

Македонскиот рубин е геолошки уникат, познат по специфичната малиново-розева боја, поврзана со присуството на хром во неговата кристална структура. Неговата појава во регионот на Прилеп и Мариово му дава посебна геолошка и препознатлива вредност, а неговата заштита отвора можност за создавање нова додадена вредност преку контролирано искористување, сертификација, брендирање и промоција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Геолошкиот завод и Државниот завод за индустриска сопственост, продолжува со реализација на конкретните активности на Комисијата.

Целта е јасна – македонскиот рубин да има свој систем, свој стандард и гарантирано потекло, а Македонија да го препознае и заштити она што природата ѝ го дала како уникатно богатство.

…

Related Posts

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

11.09.2026

ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром добива ново лице, очекуваме до 400 илјади патници годинава

11.09.2026

Проданоски: 80 нови ученици го започнуваат своето музичко патување во Прилеп

11.09.2026

МНР: 25 години по 11 Септември, Македонија останува со САД против тероризмот

11.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

11.09.2026

Нов ценовен шок: Нафтата нагло поскапе по ескалацијата на Блискиот Исток

10.09.2026

Препорачани Вести

Денес е среќен ден за овие хороскопски знаци – проверете дали сте меѓу нив

1 месец ago
eksplozija

Киев и Лавов под масовен руски ракетен напад

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонскиот рубин добива систем што ќе го гарантира неговото потекло и квалитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: По повеќе од пет децении ѝ го враќаме сјајот на Старата скопска чаршија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром добива ново лице, очекуваме до 400 илјади патници годинава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: 80 нови ученици го започнуваат своето музичко патување во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.