сабота, септември 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот раст

by Redakcija
11.09.2026
in Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на економскиот форум BELTALKS 2026, кој вчера и денес се одржува во Белград, Република Србија, во организација на GLOBSEC.

 

Во рамки на форумот, министерот Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“.

 

„Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа на новите технологии и вештачката интелигенција. Имаме добар почеток, затоа што Македонија забележа раст на БДП од 3,7 проценти во првата половина од 2026 година и раст од 4,3 проценти во вториот квартал, во услови на ниска инфлација. Овој раст е воден и од инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата“, изјави Андоновски.

 

„Затоа сме тука – да отвориме нови можности за инвестиции во дата-центри, примена на вештачката интелигенција и развој на технолошки компании, како и да привлечеме што е можно повеќе компании, разновиден капитал и ново знаење во Македонија“, додаде министерот.

 

На панелот учествуваа и претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Извршниот одбор на Yettel Bank, Александар Богдановиќ.

 

Дискусијата беше насочена кон можностите Западен Балкан да се позиционира како центар за иновации, дата-центри и нови технологии, како и кон значењето на дигиталната инфраструктура, енергетските капацитети, човечкиот капитал и поволното деловно опкружување за привлекување високотехнолошки инвестиции.

 

За време на форумот, министерот Андоновски даде изјава и за гледачите на Македонската радио-телевизија, во која се осврна на придонесот на ИКТ-индустријата во економскиот раст и на можностите за нови инвестиции во Македонија.

 

Во продолжение на форумот, министерот Андоновски ќе учествува и на затворената тркалезна маса „Еден регион, еден пазар? Трговијата, работната сила, инвестициите и иднината на регионалната интеграција“.

 

BELTALKS 2026 го отвори претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут, додека завршното обраќање е предвидено за претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Форумот обедини високи политички претставници, носители на одлуки и претставници на деловната заедница од регионот и Европа

…

Related Posts

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

11.09.2026

ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром добива ново лице, очекуваме до 400 илјади патници годинава

11.09.2026

МНР: 25 години по 11 Септември, Македонија останува со САД против тероризмот

11.09.2026

Македонците ќе плаќаат 20 евра за ETIAS: Ново правило за патување во ЕУ

11.09.2026

Врховниот суд ја укина пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци, осудените ќе излезат од затвор

11.09.2026

Нова можност за станарите: До 2027 година ќе можат да побараат откуп на становите

10.09.2026

Препорачани Вести

soobrakjaj

Нови регулативи на ЕУ: Технички неисправните половни автомобили ќе мора да се рециклираат

8 месеци ago

Утре 16.04.2026 повеќе делови од Тетово и тетовско ќе бидат без струја

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Голем пожар и серија експлозии во магацини со муниција во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Шар“ со инфомација за водоснабдувањето во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес во Битола: Пронајдени шест парчиња оружје, лишен од слобода 67-годишен битолчанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БОЖИНОВСКА ЗА „ТЕССА Енерџи“: СЕКОЈ НОВ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТ ЈА ЗАЈАКНУВА СИГУРНОСТА И СТАБИЛНОСТА НА ДРЖАВАТА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.