вторник, септември 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Важна вест за Македонците кои патуваат во ЕУ: Девет земји го одложија EES

by Redakcija
15.09.2026
in Свет

Најмалку девет земји од Шенген-зоната го одложија целосното спроведување на новиот Европски систем за влез/излез (EES), поради технички проблеми и стравувања дека целосната примена би можела да предизвика нови метежи на границите.

Меѓу земјите кои ја известиле Европската комисија дека нема целосно да го применат системот се Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија.

EES беше активиран во октомври 2025 година, по неколкугодишни одложувања. Првичниот план предвидуваше системот целосно да функционира до април годинава.

Со новиот систем, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ треба да бидат регистрирани со биометриски податоци при влез и излез од Шенген-зоната. Тоа подразбира скенирање на лицето и земање отпечатоци од прсти, наместо досегашното традиционално евидентирање преку печати во пасошите.

Практичната примена, сепак, не е иста во сите земји. Шведска и Португалија, на пример, овозможуваат дел од постапката да се заврши однапред преку апликација, со испраќање на биометриските податоци.

Националните системи треба да бидат поврзани со централниот систем со кој управува агенцијата на ЕУ, eu-LISA. При првиот влез на патникот се создава електронска датотека со неговите податоци, а при следните преминувања границата биометриските податоци се споредуваат со веќе постоечките записи.

Токму поврзувањето и функционирањето на системите создаваат сериозни проблеми.

Во дел од земјите биометриските податоци поради технички грешки не се испраќаат до централниот систем, додека на други места граничните службеници не можат да пристапат до веќе создадените датотеки. Тоа може да значи повторување на целата процедура и дополнително забавување на граничните премини.

Проблемите се дополнети и со недостиг на персонал. Поради ризикот од создавање долги колони и застои, претходно беше дозволен период од 150 дена во кој државите можеа привремено да ги суспендираат проверките доколку дојде до сериозни метежи.

Овој период истече на 6 септември, но најмалку девет земји ја информирале Европската комисија дека нема да го применуваат системот во целост додека техничките проблеми не бидат решени.

Иако официјално нема нов рок за целосно спроведување, службениците во Брисел неформално се согласиле да се задржи одредена флексибилност за да се избегнат сериозни нарушувања на протокот на патници.

На одложувањето му претходеа предупредувања од авиокомпании, аеродроми и пристаништа, кои стравуваат дека целосната примена на EES без стабилна технологија и доволен број службеници би можела значително да го забави сообраќајот.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) предупреди дека укинувањето на можноста за привремено исклучување на системот може да создаде сериозни оперативни проблеми.

Според претставниците на авиосекторот, и покрај досегашната флексибилност, на неколку аеродроми веќе се забележани технички дефекти и нестабилност.

За патниците од земји надвор од ЕУ, меѓу кои и македонските граѓани, целосната примена на EES во иднина ќе значи задолжителна регистрација на биометриски податоци при преминување на надворешните граници на Шенген-зоната.

Засега, сепак, девет земји од Шенгенот бараат системот да се воведува постепено, сè додека техничките проблеми не бидат целосно надминати.

…

Related Posts

Што изгубија Американците во војната со Иран? Бројките се изненадувачки

15.09.2026

Пентагон призна: Војната со Иран ги намали американските залихи на муниција

15.09.2026

Русија повторно бара помош од Пјонгјанг: До 50.000 севернокорејски војници би можеле да стигнат на фронтот

14.09.2026

Трамп објави голема вест: Украина и Русија се согласија!

14.09.2026

Историски пакт во Кардиф: Шкотска, Велс и Северна Ирска бараат независност и враќање во ЕУ

14.09.2026

АфД би ја прекинала помошта за Украина и би ги преиспитала државјанствата на Сиријците

14.09.2026

Препорачани Вести

Хрватска го поддржува процесот на евроинтеграции на Македонија, потврди Пленковиќ на средбата со Мицкоски

Хрватска го поддржува процесот на евроинтеграции на Македонија, потврди Пленковиќ на средбата со Мицкоски

6 месеци ago
Андоновски: Македонија меѓу првите во регионот ќе добие пристап до „роаминг како дома“ во ЕУ

Андоновски: Македонија меѓу првите во регионот ќе добие пристап до „роаминг како дома“ во ЕУ

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Што изгубија Американците во војната со Иран? Бројките се изненадувачки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви фалат до 2 години стаж? Владата подготвува можност да ги докупите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Следуваат два продолжени викенди во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пентагон призна: Војната со Иран ги намали американските залихи на муниција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Важна вест за Македонците кои патуваат во ЕУ: Девет земји го одложија EES

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.