вторник, септември 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Сакаме закон што ќе отвори простор за инвестиции и развој, но нема да има компромис со животната средина, граѓаните и интересите на локалните заедници

by Redakcija
15.09.2026
in Економија, Топ Вести

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беа презентирани резултатите од независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство, со која се потврдува дека предложените законски решенија се современи, сеопфатни и во значителна мера усогласени со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики.

На стручната средба, на која присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, експертите ги презентираа наодите од анализата и препораките за дополнително унапредување на законските текстови.

Независната експертска ревизија ја изработија проф. д-р Вјечеслав Боханек и Кристи Дизни Брукнер, во соработка со граѓанската организација „Нов Трет Пат“, а во процесот беа вклучени и претставници на Министерството, Геолошкиот завод и Државниот инспекторат за енергетика и минерални суровини.

Експертите дадоа многу позитивна оценка за предложените законски решенија, посочувајќи дека тие воспоставуваат современа, јасна и меѓусебно усогласена рамка за геолошките истражувања и рударските активности.

Во рамки на експертизата е направена и компаративна анализа со законодавствата на шест земји членки на Европската Унија – Австрија, Германија, Полска, Чешка, Финска и Хрватска, при што е утврдено дека предложениот македонски модел е во согласност со релевантните европски практики.

Посебно внимание е посветено на современите европски политики во областа на критичните и стратешките минерални суровини, управувањето со геолошките податоци, заштитата на животната средина, одржливото користење на природните ресурси и одговорното управување со рударскиот отпад и затворањето на рудниците.

„Нашата цел не е само формално усогласување со европското законодавство. Сакаме да донесеме закон кој ќе биде функционален, применлив и современ, закон кој ќе создаде јасни правила и правна сигурност, ќе овозможи развој на рударскиот сектор и одговорни инвестиции, но истовремено ќе гарантира дека јавниот интерес, граѓаните, животната средина и локалните заедници нема да бидат ставени во втор план“, истакна министерката Божиновска.

Таа посочи дека Македонија има потенцијал за развој на рударството и искористување на минералните суровини, но дека идниот развој мора да се темели на високи стандарди, транспарентни процедури, јасни правила и одговорно управување со природните богатства.

„Рударството треба да биде двигател на економскиот развој, но придобивките од инвестициите мора да бидат пошироки – за државата, за економијата, за локалната самоуправа и пред сè за граѓаните. Затоа инсистираме на систем во кој ќе има и развој и заштита, и инвестиции и одговорност, и ефикасни процедури и високи стандарди“, нагласи Божиновска.

Министерството, како што беше истакнато на средбата, работи на создавање законска рамка која ќе обезбеди предвидливост за инвеститорите, ефикасни и транспарентни постапки, јасно дефинирани надлежности на институциите, заштита на животната средина, одржливо користење на минералните ресурси и поголема вклученост на локалните заедници.

Особено значајно е што во подготовката на законите се користи искуство од повеќе европски држави и меѓународни практики.

Кристи Дизни Брукнер е меѓународен експерт со повеќе од 27 години професионално искуство во областа на рударското законодавство, политиките за минерални суровини и одржливото управување со природните ресурси. Во текот на својата кариера била ангажирана на развој, анализа и унапредување на законски и регулаторни рамки во повеќе од 70 земји, со искуство во различни региони и правни системи.

Проф. д-р Вјечеслав Боханек, професор на Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство при Универзитетот во Загреб, е еден од истакнатите регионални експерти во областа на рударството и минералните суровини. Тој има директно искуство во процесите поврзани со подготовката на хрватската законска рамка и стратегијата во областа на рударството и управувањето со минералните суровини, како и долгогодишно академско и стручно искуство.

Од Министерството посочуваат дека експертската ревизија е важен чекор во процесот на финализирање на законските решенија, бидејќи овозможува дополнителна стручна проверка и споредба со искуствата на земјите членки на Европската унија. 

Министерството продолжува со стручниот и институционалниот процес за финализирање на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство, со определба конечните решенија да бидат европски усогласени, современи, применливи и насочени кон одржлив развој на рударскиот сектор, но и кон заштита на јавниот интерес и природните ресурси на државата.

…

Related Posts

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

15.09.2026

(ВИДЕО) Тоневски: Пробиштип ќе добие целосно реконструирано ракометно игралиште

15.09.2026

Кој ќе остане без работа? Во Македонија исчезнуваат едноставните онлајн работи

15.09.2026

Нова реформа за платите во јавниот сектор: Македонија го проучува грчкиот модел

15.09.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

14.09.2026

Новите цени на горивата од полноќ

14.09.2026

Препорачани Вести

whatsapp

Новата измама што краде WhatsApp сметки преку фишинг

8 месеци ago

Пронајден возачот што удри малолетничка во Скопје и избега

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Сакаме закон што ќе отвори простор за инвестиции и развој, но нема да има компромис со животната средина, граѓаните и интересите на локалните заедници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Инвестираме 4,6 милиони денари во СОУ „Наум Наумовски-Борче“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Внимание, не го игнорирајте овој знак во Германија – за само 13 минути напишани казни од речиси 10.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русите се повлекуваат, Киев молчи за следниот чекор: „Вивалди“ е само почетокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.