Две лица од скопското село Брњарци се лишени од слобода при одделни полициски претреси во нивните домови, при што биле пронајдени дрога, оружје и поголемо количество материјали за изработка и полнење ловечки патрони.
Од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје соопштија дека на 16 септември, околу 00:20 часот, бил лишен од слобода 34-годишниот Д.Ц. од Брњарци. При претресот во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Скопје, полицијата пронашла и одзела марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Претходно, на 15 септември околу 23:45 часот, во истото село бил лишен од слобода и 38-годишниот И.Б. од Скопје.

При претресот во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол и 23 куршуми, како и 20 ловечки патрони.
Полицијата пронашла и една ќеса со барут, три конзерви со сачми, три конзерви со материјал за полнење ловечки патрони, една кутија со каписли и алатки за изработка и полнење патрони.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
…












