петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот

by Redakcija
18.09.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на Буџетот, со посебен фокус на наплатата на приходите и движењата кај одделните даночни категории.
На средбата беше констатирано дека реализацијата на Буџетот се одвива во рамки на планираната динамика и дека во овој момент нема позначајни отстапувања ниту на приходната ниту на расходната страна. 


Министерството за финансии, во координација со Управата за јавни приходи и Царинската управа, продолжува внимателно да ги следи движењата и реализацијата на буџетските приходи.


„Буџетот се реализира согласно планираната динамика. Заедно со УЈП и Царинската управа детално ги следиме приходите и сите движења што можат да имаат влијание врз нивната реализација. Во овој момент нема позначајни отстапувања од планираното, но остануваме внимателни и навремено ќе реагираме доколку состојбите го наложат тоа“,  кажа министерката Димитриеска-Кочоска.


Податоците за реализацијата на Буџетот заклучно со август покажуваат дека вкупните приходи изнесуваат 230,6 милијарди денари, односно 60,77% од планираните приходи, при што бележат раст од 8% во однос на истиот период минатата година.


Даночните приходи во првите осум месеци се реализирани во износ од 131,5 милијарди денари, што претставува раст од 8,2% на годишно ниво. Раст е забележан кај главните даночни категории – приходите од данокот на добивка се повисоки за 19,9%, од данокот на личен доход за 10,9%, од ДДВ за 10,6%, додека увозните давачки бележат раст од 9,7%.


Кај акцизите е евидентирано одредено отстапување, поврзано и со мерките што Владата ги презеде за ублажување на влијанието од кризата со нафтените деривати. Движењата во оваа категорија и понатаму внимателно ќе се следат.
На расходната страна, во периодот јануари–август се реализирани 268,9 милијарди денари, односно 63,15% од планираните расходи.


На средбата беше истакната важноста од континуирана координација меѓу Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа како институции со клучна улога во обезбедувањето на буџетските приходи. Во наредниот период ќе продолжи редовното следење на реализацијата на Буџетот и на економските движења, врз основа на што ќе се носат одлуки за евентуални приспособувања на расходната страна.


Министерството за финансии останува посветено на одговорно управување со јавните финансии, навремено сервисирање на обврските и обезбедување стабилност на Буџетот, со приоритет на заштитата на граѓаните и стопанството.

…

Related Posts

Македонскиот рубин ќе добие сертификат и ќе тргне кон светскиот пазар

18.09.2026

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

18.09.2026

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

18.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

17.09.2026

Божиновска: Секој млад човек заслужува шанса да покаже што знае и што може

17.09.2026

Саудиска Арабија прекина дел од испораките на нафта за Европа

17.09.2026

Препорачани Вести

Метеоаларм: Попладне поројни дождови, грмежи и можен град во делови од Македонија

3 месеци ago

Данската премиерка Мете Фредериксен жестоко му возврати на Трамп: „Не можеш така да ја уценуваш Европа“

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола: 141 од 180 проекти веќе се реализираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонскиот рубин ќе добие сертификат и ќе тргне кон светскиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.