недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

by Уредник
20.09.2026
in Македонија
Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург и околината добија своја црковна општина, која ќе го носи името „Св. Архангел Михаил“.

Новата црковна општина е основана со благослов на митрополитот европски Пимен и ќе дејствува во рамките на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Почетокот на организираниот црковен живот на македонската православна заедница во Салцбург беше означен на 19 септември со отслужување на првата Света архиерејска литургија, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица.

Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот европски Пимен, во сослужение со отец Јован. На богослужбата присуствуваа бројни македонски православни верници кои живеат во Салцбург и во околните места.

Со основањето на црковната општина „Св. Архангел Михаил“ започнува ново поглавје во духовниот и црковниот живот на македонската заедница во овој дел на Австрија.

Во рамките на општината ќе се организираат редовни богослужби и други верски активности, а верниците ќе добијат место за заедничка молитва, духовно поврзување и негување на православната вера и македонската црковна традиција.

Новата црковна општина ќе работи под духовна и канонска надлежност на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Related Posts

АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ: Опасност од одрони и изменет режим на повеќе патишта низ Македонија

АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ: Опасност од одрони и изменет режим на повеќе патишта низ Македонија

20.09.2026

Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

19.09.2026

Голема промена на МРТ 3: Третиот канал добива нов концепт и нова публика

19.09.2026

Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

18.09.2026

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

18.09.2026

Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

19.09.2026

Препорачани Вести

Вучиќ: Во Венецуела се урна меѓународниот поредок, силата стана единствено правило

9 месеци ago

(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Воен авион излета од писта и се претвори во огнена топка, загинаа петмина

3 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) ХАОС НА МОСКОВСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Над 400 летови доцнат по најголемиот украински напад со дронови врз руската престолнина досега

    (ВИДЕО) ХАОС НА МОСКОВСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Над 400 летови доцнат по најголемиот украински напад со дронови врз руската престолнина досега

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ: Опасност од одрони и изменет режим на повеќе патишта низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) УКРАИНСКИ УДАР ВО СРЦЕТО НА МОСКВА: Погодени клучни постројки во рафинеријата што снабдува половина од регионот со гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АЛАРМ ВО ЕВРОПА: Вирусот Западен Нил се шири, Италија регистрира над 650 заразени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.