СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Струга, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи во Струга, поради сомнение дека во периодот од 2022 до 2024 година злоупотребил службена положба и фалсификувал службени исправи.
Според пријавата, А.М. како советник и овластен потписник на акти, наводно изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица. Потоа, самоволно ставал службен печат за правосилност на документите и ги доставувал до Одделението за катастар на недвижности во Струга.
Од полицијата информираат дека решенијата претходно не биле доставувани до надлежната институција за добивање мислење.

Против пријавениот се поднесени сомненија за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“.
…












