Голем успех за Ник Дејкос, кој го освои престижниот Браунлоу медал за 2026 година, признание што се доделува на најдобриот и најфер играч во австралиската АФЛ-лига.
Дејкос, кој има македонско потекло, со одличните настапи во текот на сезоната успеа да стигне до најголемото индивидуално признание во австралискиот фудбал.
По освојувањето на наградата, на социјалните мрежи беа упатени бројни честитки до младиот шампион, со пораки во кои се истакнува неговото македонско потекло и гордоста поради големиот успех.

Браунлоу медалот се смета за едно од најзначајните индивидуални признанија во австралискиот спорт, а успехот на Дејкос претставува уште едно големо достигнување за играчот кој со своите настапи се наметна меѓу најдобрите во АФЛ.
…












