среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст

by Redakcija
23.09.2026
in Економија

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, што се одржуваат во Њујорк.


На сесијата, на која учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот, се разговараше за предизвиците и можностите што ги носи новата економија, со посебен фокус на обезбедувањето енергетска сигурност, пристапноста на енергијата и одржливоста како фактори за долгорочен економски раст и конкурентност.Во фокусот на дискусијата беа различните пристапи кон енергетската транзиција и начините на кои владите и бизнисите можат да воспостават рамнотежа меѓу економскиот раст и одржливоста, како и улогата на новите технологии, инвестициите и партнерствата во економската трансформација.


Во тој контекст, беше истакната потребата од обезбедување соодветно финансирање и насочување на инвестициите кон капитални проекти што ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и одржливост, при што ваквите инвестиции треба истовремено да бидат во функција на стабилен економски раст и јакнење на конкурентноста.

„Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.


Беше посочено дека новите глобални економски услови бараат поширок пристап кон политиките за раст, кој покрај продуктивноста ги опфаќа и диверзификацијата на економската активност, создавањето високопродуктивни и квалитетни работни места, енергетската сигурност и јакнењето на долгорочната конкурентност.
За Македонија, овие прашања се особено значајни во контекст на заложбите за забрзување на економскиот раст и создавање услови за поголема конкурентност на домашната економија. Во таа насока, важна е поддршката на инвестициите и економската трансформација, како и создавањето услови за сигурно и одржливо снабдување со енергија, што е значајно и за граѓаните и за конкурентноста на компаниите.
Учеството на вакви меѓународни форуми претставува можност за размена на искуства и добри практики и за позиционирање на Македонија во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следната деценија.

…

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Македонија е дел од глобалниот дијалог за економскиот раст

22.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,76 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

22.09.2026

Божиновска со добитниците на „Инженерски прстен“: Вашите идеи се потенцијал за Македонија

22.09.2026

Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

21.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.09.2026

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

21.09.2026

Препорачани Вести

Банон предупредува: Арктикот ја става Канада во фокусот на американската стратегија

8 месеци ago

Ви капе климата по ѕидот среде најголемите горештини? Причината често е едноставна, а проблемот може да го решите за 5 минути

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Украина ја употреби новата ракета „Фламинго“ во нападот врз Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен припадник на ОВК приведен на „Блаце“ – се огласи по ослободувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 СЕПТЕМВРИ: ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ, ЉУБОВНИ ИЗНЕНАДУВАЊА И НОВИ МОЖНОСТИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холанѓанец и Шпанец приведени по напад врз 33-годишен арачиновец во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.