сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Крај на „боледувањето за на море“ – Полицијата влегува во проверка на злоупотребите?

by Redakcija
23.09.2026
in Македонија

Министерството за внатрешни работи ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој оцени дека станува збор за сериозен проблем кој е присутен и во јавниот и во приватниот сектор, но нагласи дека при контролите мора да се почитуваат човековите права.

Најавата доаѓа во период кога Фондот за здравствено осигурување подготвува построги правила за користење боледување. Меѓу предложените мерки е матичните лекари самостојно да можат да отворат боледување до пет дена, наместо досегашните седум, како и воведување поголема електронска контрола.

Се разгледува и можноста за проверки на осигурениците додека се на боледување.

Дека постојат сомнежи за злоупотреби покажаа и претходните контроли во МВР. По барање на Министерството, ФЗО во втората половина на 2025 година проверил 80 вработени, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања.

Неправилности биле утврдени кај 29 лица, односно кај околу 37 проценти од контролираните вработени.

Од вкупно 514 проверени боледувања, 100 биле оценети како неуредно издадени. Во контролата биле опфатени и 105 приватни здравствени установи, при што неправилности биле констатирани и кај дел од лекарите и лекарските комисии.

Од ФЗО претходно посочија и конкретни примери за сомнително користење боледувања, меѓу кои случаи во кои осигуреници менувале матични лекари или користеле последователни боледувања со различни дијагнози.

Најавите за заострување на контролите предизвикаа реакции, особено околу можноста за проверки во домовите на осигурениците и намалувањето на периодот за кој матичниот лекар може самостојно да отвори боледување.

Сепак, засега станува збор за предложени и најавени измени, а не за правила кои веќе стапиле во сила.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски во Делчево: Се реконструира здравствениот дом, започнува обновата на спортската сала

21.11.2026

Прекините продолжуваат и покрај предупредувањето до ЕВН: Се бара колективна тужба од Маврово и Ростуше

21.11.2026

Четиригодишен проект на „Булмак 2016“ за враќање на спортот меѓу младите во Пробиштип

21.11.2026

Зимата пристигнува во Македонија: Од понеделник нагло заладување и температури под нулата

21.11.2026

Проданоски: Десет нови телевизори за Домот „Киро Крстески – Платник“, во буџетот за 2027 се планираат подобри услови

20.11.2026

Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

operacija

Жена од Словенија починала во Истанбул по липосукција: тешки симптоми и сомнежи за медицински пропуст

11 месеци ago

Прекини во снабдувањето со струја утре во Тетовско

4 недели ago

Популарни Вести

  • Нови ограничувања за задолжување – Што се менува за станбените кредити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозна смрт кај Смилковци: 38-годишен скопјанец пронајден мртов со прострелна рана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес во Штип: Уапсен 33-годишник – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца пензионери месечно добиваат над 6.000 евра, но едниот оди во друга држава за да пазари поевтино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.