сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Платформата против Филипче најави промени во СДСМ: „Партијата е на егзистенцијален минимум“

by Redakcija
24.09.2026
in Македонија

Групата која бара промени во раководството на СДСМ и смена на Венко Филипче денеска излезе со остри критики кон актуелното раководство на партијата, но и кон политиките на власта, ЗНАМ и поранешните лидери на СДСМ, Зоран Заев и Бранко Црвенковски.

На прес-конференција, Игор Ивановски, Емилијан Станковиќ, Славјанка Петровска, Александар Ќуркчиев, Андреј Петров и Гордан Георгиев порачаа дека нивната цел е СДСМ да се промени одвнатре и повторно да стане опозициска сила способна да се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие нагласија дека немаат намера да формираат нова политичка партија, да настапуваат со независни листи или да повикуваат на гласање против СДСМ.

„Ние никогаш нема да повикаме да се гласа против СДСМ. Нема да формираме ни политичка партија, нема да излеземе со независни листи, а зад нашата платформа не стои ниту пак ќе стои бизнисмен што нѐ финансира“, порачаа тие.

Од платформата оценија дека СДСМ се наоѓа на „егзистенцијален минимум“ и дека времето за промени е ограничено. Според нив, доколку не дојде до промена на лидерската позиција, партијата ризикува дополнително да го загуби рејтингот.

Ивановски ја критикуваше и актуелната влада, оценувајќи дека високата поддршка што ја има не се темели на мерливи резултати. Тој обвини за проблеми со корупцијата, сервисите кон граѓаните, инфлацијата и ликвидноста на компаниите.

Од платформата истовремено се оградија од политичкото наследство на Зоран Заев и Бранко Црвенковски, иако дел од нив во јавноста се поврзуваат со поранешни структури во СДСМ.

Особено критични беа кон односите меѓу власта и опозицијата. Ивановски оцени дека постои состојба во која, како што рече, Христијан Мицкоски „купува време“, додека Венко Филипче „купува слобода“, притоа обвинувајќи ги двете страни дека придонесуваат за дефокусирање на јавноста.

Емилијан Станковиќ порача дека актуелното раководство на СДСМ не може да продолжи со досегашната политика, додека Андреј Петров рече дека одговорноста за состојбата во партијата не ја гледа само кај Филипче, туку и кај претходните раководства.

„Ние нема да бидеме мршојадци. Подготвени сме сега да ја преземеме СДСМ, иако знаеме дека оди кон пораз. Ќе направиме подобар резултат. СДСМ е на егзистенцијален минимум, нема да чекаме“, изјави Петров.

Во однос на ВЛЕН, од платформата оценија дека станува збор за политичка партија создадена со политички инженеринг и ја обвинија за клиентелизам.

На прес-конференцијата беше отворено и прашањето за минатото на Филипче, при што Станковиќ го критикуваше неговото членство во СДСМ и начинот на кој бил избран за лидер.

Александар Ќуркчиев, пак, најави кривична пријава поради тврдењата на СДСМ дека бил управител на компанија која добила милионски тендер од Владата. Тој објасни дека бил ангажиран хонорарно од грчка компанија како инженер и поради познавањето на грчкиот јазик.

Ќуркчиев тврди дека немал никакво влијание врз тендерот и дека во објавата на СДСМ бил употребен фалсификуван негов потпис.

Славјанка Петровска, пак, оцени дека СДСМ во изминатиот период се променил до непрепознатливост и дека партијата, наместо да биде опозиција, станала „штит на власта“.

Таа порача дека падот на поддршката за СДСМ не може да се објаснува само со Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, туку и со, како што рече, неисполнетите очекувања од периодот на Шарената револуција.

Платформата најави нов собир во сабота, на кој треба да бидат претставени следните чекори. Тие велат дека ќе продолжат да дејствуваат во рамки на СДСМ и преку демократски механизми ќе бараат промени во партијата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

28.11.2026

Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

28.11.2026

Од следната недела новина за сите возачи: Преку мобилен телефон ќе може да ги проверуваат сообраќајните прекршоци

27.11.2026

Грозданов за Иловица-Штука: Рударството и заштитата на животната средина можат да одат заедно

27.11.2026

Наплаќале незаконски трошоци за брзи кредити: Над 26.000 граѓани ќе добијат назад 140 милиони денари

27.11.2026

Нови правила за пензиите во Македонија: Контролни прегледи за инвалидските пензии, промени за бенефицираниот стаж и семејните пензии

27.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

trump

Трамп свика итен состанок: Две „црвени линии“ што Иран мора да ги прифати

7 месеци ago

На денешен ден 20 март започнала валандовската акција – една од најголемите операции на ВМРО во 1915 година

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Полициска акција во кабаре во Охрид: Затекнати Русинки кои илегално влегле во Македонија и покрај забраната за влез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ужас во Тетово: Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.