Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, синоќа присуствуваше на четвртиот по ред „Паљо Класик Опен 2026“, заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.
Станува збор за еден од најпрепознатливите бодибилдинг настани во регионот, организиран од „Фитнес Паљо“, клуб кој повеќе од три децении работи во Битола и низ кој досега поминале над 17.000 членови. Зад неговото создавање и развој стои Зоран Паљо Лазаровски.
Натпреварот има меѓународен карактер, а на сцената настапија бодибилдери и фитнес натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово. Мажи и жени се натпреваруваа во повеќе категории, а за изборот на најдобрите се погрижи десетчлено судиско жири.

На настанот присуствуваше и претседателот на Федерацијата на бодибилдинг и фитнес, Бобан Ѓороски, додека на присутните им се обрати и поранешниот претседател на федерацијата, Антонијо Димитровски.
Особено емотивен момент беше едноминутното молчење во чест на прерано починатиот спортист Зоран Петковски. „Паљо Класик Опен 2026“ имаше и хуманитарен карактер, а средствата собрани од продажбата на влезниците ќе бидат донирани на семејството на Петковски.
Коњановски им посака успешен настап на сите натпреварувачи, а најдобрите во своите категории да бидат наградени со медали и признанија.
…












