понеделник, септември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Ален Рустемовски испишува историја, Општина Битола ќе го поддржи со 1 милион денари

by Redakcija
28.09.2026
in Република

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за младиот македонски боксер Ален Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство во бокс што се одржа во Бугарија.

На средбата, Рустемовски и неговиот тренер Јове Петровски зборуваа за големиот успех, но и за амбициите на младиот боксер во периодот што следува.

„Знаев дека еден ден ќе успеам и денес можам да кажам дека ова е само почеток. Знам дека допрва ме чекаат уште поголеми предизвици. Мојот сон останува ист, а тоа е Олимпијадата и олимписки медал“, изјави Рустемовски.

Младиот боксер истакна дека е особено горд што по 20 години успеал да донесе европски медал во бокс за Македонија.

Коњановски му честиташе за освоениот медал и посочи дека верува во неговите способности и во неговите идни успеси.

„Битола за него и за сите други боксери веќе ја гради новата боксерска сала, која за скоро време ќе биде на располагање на сите“, истакна Коњановски.

Тој најави дека Општина Битола и во наредниот период финансиски ќе го поддржува Рустемовски. За неговите подготовки со цел обезбедување пласман на Олимписките игри, Општината ќе издвојува 1 милион денари од општинскиот буџет.

Рустемовски со освоениот европски медал го продолжува патот кон својата голема цел – настап на Олимписките игри и освојување олимписки медал.

…

Related Posts

Коњановски: „Паљо Класик Опен“ е доказ дека спортот, традицијата и хуманоста можат да обединат многу луѓе

28.09.2026

Општина Битола: Европска вечер со „Чкембари“ и „Еурофарм Пелистер“

27.09.2026
Земјотрес ги вознемири жителите на Битола: Познато каде бил епицентарот

Земјотрес ги вознемири жителите на Битола: Познато каде бил епицентарот

27.09.2026

Проданоски: Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп, сакаме иднината да ја градат тука

26.09.2026

Пожар во Тетово: Гори плац со хаварисани возила, граѓаните повикани да останат дома

26.09.2026

Проданоски на изложбата „Градот во мене“: Уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

25.09.2026

Препорачани Вести

Пожар пред Бугарската амбасада во Скопје: Изгореа неколку автомобили, нема повредени

3 месеци ago

Љубов, пари и нови можности: Прочитајте го денешниот хороскоп

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Димитриеска-Кочоска: Намалениот ДДВ за дизелот продолжува до 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Ален Рустемовски испишува историја, Општина Битола ќе го поддржи со 1 милион денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција во Скопје: Претреси на повеќе локации, пронајдени знаме на ИСИС, оружје и муниција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерството за енергетика најтранспарентно во 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: „Паљо Класик Опен“ е доказ дека спортот, традицијата и хуманоста можат да обединат многу луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.