Тетово, 28 септември – Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (29.09.2026, вторник) дел од Тетово и Брвеница ќе останат без електрична енергија.
Според најавата, прекините се распоредени на следниов начин:
- Тетово-Селце, од 09:00 до 14:00 часот: без напојување ќе бидат дел од с. Селце и дел на излезот кон с. Вејце, како и репетиторот во Селце и ХПП Пена
- Брвеница, од 09:15 до 14:00 часот: објектите кои се наоѓаат пред влезот во с. Долно Седларце, кај фабриката за црева
- Тетово центар, од 09:15 до 14:15 часот: објектите кои се наоѓаат во центарот кај стара самопослуга
Од надлежните апелираат граѓаните и компаниите навремено да се подготват и да ги преземат потребните мерки за заштита на електричните уреди.

…












