среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

По речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво конечно впишана во државна сопственост

by Redakcija
30.09.2026
in Економија, Топ Вести

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со тоа се создаваат услови за сигурно одржување, модернизација и натамошен развој на една од клучните точки на преносната мрежа.

Министерството за енергетика и минерални суровини, во соработка со АД МЕПСО и надлежните институции, започна системско решавање на долгогодишните имотно-правни прашања поврзани со електроенергетските објекти, кои со години претставуваа пречка за целосно уредување на сопственоста и реализација на нови инвестиции.

ТС Дуброво е конкретен пример дека кога институциите работат координирано, проблеми што со децении биле нерешени можат конечно да се затворат.

По одлуката на Владата и носењето на решението за формирање Работна група за регулирање на имотно-правниот статус на 110 kV трафостаниците помеѓу АД МЕПСО и ЕВН АД.  Врз основа на донесените одлуки, извршено е запишување на правото на сопственост над објектите на ТС Дуброво во корист на АД МЕПСО, во државна сопственост.

Со ова, трафостаницата изградена во 1977 година, по речиси 50 години, за првпат се евидентира со уреден сопственички статус во корист на МЕПСО.

Ова не е само административно уредување на документација. Уредената сопственост е основа за планирање и реализација на идни инвестиции, реконструкции и модернизација на преносната мрежа, особено на инфраструктурата која има стратешко значење за сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем.

Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и ставањето на МЕПСО под надлежност на Министерството, воспоставен е нов модел на директна и редовна институционална координација со клучните субјекти во енергетскиот сектор.

По иницијатива на министерката Сања Божиновска, се воспоставија редовни координации со МЕПСО и другите институции и компании од секторот, со јасна цел – проблемите што со години стоеле отворени да се стават на маса и заеднички да се забрза нивното решавање.

Овој пристап значи промена од институционално постапување „секој во својот дел“ кон координирана работа околу конкретни проблеми и конкретни резултати – од уредување на имотно-правниот статус на електроенергетската инфраструктура, до реализација на капитални проекти, модернизација на преносната мрежа и зајакнување на сигурноста на електроенергетскиот систем.

Се решаваат и други децениски имотно-правни прашања

Во рамки на работата на групата се изработуваат геодетски елаборати со цел уредување и запишување на правата на недвижностите каде што тие досега не биле соодветно евидентирани.

Паралелно, се преземаат активности за уредување на имотно-правниот статус на ТС 110/20 kV Бунарџик, каде што е во тек подготовка на договор за отстапување без надоместок на ½ идеален дел од недвижниот имот на име на АД МЕПСО.

Уредувањето на овој имот ќе овозможи создавање на услови за реализација на новиот 110 kV далекувод ТС Бунарџик – ТС Миладиновци, значаен за стабилно и непрекинато снабдување со електрична енергија на железничката инфраструктура во Македонија.

Министерството продолжува со системско расчистување на имотно-правните прашања на електроенергетската инфраструктура, со јасна цел: она што со децении било нерешено да се уреди, за да може државата да инвестира, модернизира и да ја зајакнува преносната мрежа.

…

Related Posts

Ормус повторно се полни со танкери: Нафтата тече низ стратешкиот теснец

29.09.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 1,06 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

29.09.2026

Динитриеска-Кочоска: Со поддршка од САД ги унапредуваме даночниот и царинскиот систем

29.09.2026

Општина Битола ја засилува механизацијата на „Нискоградба“ со нов „HIDROMEK“

29.09.2026

МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност

29.09.2026

ЕУ попушта за бензинците и дизелашите, но се појави непријатен детал околу одлуката

29.09.2026

Препорачани Вести

Исчезнат од јавноста судијата поврзан со 350.000 евра пронајдени во ѕид, институциите без одговор каде се наоѓа

8 месеци ago

(ВИДЕО) Огнените јазици за час ја пеплосаа куќата кога семејството било на молитва

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Инфлацијата е под контрола и под европскиот просек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво конечно впишана во државна сопственост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен доаѓа во Македонија: Ќе има средби со Силјановска-Давкова и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема полициска акција во повеќе градови: Се претресуваат околу 30 локации поради производство на дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денеска се празнуваат Вера, Надеж и Љубов: Празник посветен на трите маченички и мајка им Софија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.