Возач на камион од Македонија загинал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопатот кај Лесковац, Србија.
Според информациите од полицијата во Лесковац, несреќата се случила околу 1:50 часот по полноќ, кога камионот се превртел, а потоа избувнал пожар.
На местото на несреќата интервенирале противпожарни и спасувачки екипи. По локализирањето на пожарот, пожарникарите при пребарувањето на кабината го пронашле безживотното тело на возачот.

Причините и околностите под кои дошло до несреќата засега не се соопштени.
…












