среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Пленковиќ за вооружувањето на Србија: „Речиси е шопинг-манија“, Загреб разговара со партнерите

by Redakcija
03.10.2026
in Балкан

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Загреб внимателно го следи забрзаното вооружување на Србија, оценувајќи го процесот како „речиси шопинг-манија“.

Пленковиќ ова го кажа во Загреб на прес-конференција со баварскиот премиер Маркус Зедер, коментирајќи ги претходните изјави на хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ за военото зајакнување на Србија.

„Станува збор за неверојатен процес на вооружување, речиси шопинг-манија низ сите делови на светот“, рече Пленковиќ, додавајќи дека сите земји кои се граничат со Србија треба да се запрашаат зошто Белград толку многу се вооружува.

Хрватскиот премиер наведе дека прашањето за вооружувањето на Србија било разгледувано и во рамки на хрватските институции задолжени за одбраната и националната безбедност.

Истовремено, Пленковиќ истакна дека Хрватска во последните десет години го зголемила буџетот за одбрана за трипати. Според него, воените способности што ги развива Загреб не се закана за другите држави, туку служат како средство за одвраќање.

„Тоа не е закана за никого, туку средство за одвраќање за да не се повтори агресијата од деведесеттите“, рече тој.

Пленковиќ потврди дека Хрватска разговара со своите меѓународни партнери за вооружувањето на Србија и дека тие се запознаени со ситуацијата.

Изјавите следуваат откако хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ претходно предупреди на забрзаното вооружување на Србија и оцени дека Белград набавува современи воени системи во повеќе земји.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО|Десет деца завршија во болница: Се истражува драматичниот инцидент во Белград

18.11.2026

Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

18.11.2026
Завршува тригодишниот процес во Хаг: На 16 септември пресуда за Хашим Тачи и поранешниот врв на ОВК

Хашим Тачи доби нова затворска казна во Хаг

18.11.2026

Колку се казните за зимска опрема на Балканот? Во Македонија 45 евра, во Црна Гора 150 евра

17.11.2026

Јогурт врз Лидија Вукиќевиќ: Инцидент пред конститутивната седница на српското Собрание

17.11.2026

ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

3 недели ago

Пожар го зафати четвртиот кат на Специјалното јавно обвинителство во Белград

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Завршија буџетските средби со урбаните заедници, продолжуваме во населените места

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатен на дело со коверт полн пари: 63-годишник од Скопје осомничен за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото: Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО|Десет деца завршија во болница: Се истражува драматичниот инцидент во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица поради сомнение за дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.