петок, октомври 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Во Виена пред идните дипломати ги претставивме енергетските приоритети на Македонија

by Redakcija
09.10.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.

Во рамки на посетата на Виена, Божиновска ги претставила стратешките приоритети на земјата, меѓу кои диверзификацијата на изворите на снабдување, модернизацијата на енергетската инфраструктура, регионалното поврзување и зајакнувањето на енергетската сигурност.

Дискусијата била посветена и на влијанието на енергетските политики врз економскиот развој, меѓународната соработка и иднината на Европа. Министерката истакнала дека енергетиката денес има многу пошироко значење од производството и снабдувањето со енергија, бидејќи е тесно поврзана со дипломатијата, економијата и меѓународните односи.

Божиновска учествувала и на сесија посветена на дигиталната дипломатија, во рамки на програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црно Море/Јужен Кавказ 2026“. Таа остварила и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија.

Според министерката, размената на знаења и искуства и отворениот дијалог се важни за донесување подобри одлуки и градење посилни меѓународни партнерства.

Таа посебно го истакнала значењето на младите луѓе, кои во иднина ќе учествуваат во креирањето на одлуките што ќе ги обликуваат енергетските политики и односите меѓу земјите.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,25 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

08.10.2026

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

08.10.2026

Пад на цените на деловните простори: Квадрат се продавал за околу 243 евра

08.10.2026

Стан од 100.000 евра: Колкава треба да биде киријата за инвестицијата да се исплати?

08.10.2026

Божиновска: Македонија и Австрија ја продлабочуваат соработката во енергетиката

07.10.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,58 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ГЛАСОТ НА МАКЕДОНИЈА ОДЕКНА ВО СВЕТОТ – „СИЛЈАН“ ЈА ОСВОИ НАГРАДАТА НА ПУБЛИКАТА НА CINEMA EYE HONORS

9 месеци ago
Најавена нова рунда мировни преговори помеѓу САД и Иран во Пакистан

САД ја задржуваат поморската блокада врз Иран додека траат преговорите за нуклеарната програма

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Заврши грејната сезона, следи преоден режим до крајот на месецот

    Подготовки пред стартот на парното: ЕСМ повикува да се проверат инсталациите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дојави за бомби испразнија училишта во Србија, полицијата ги проверува објектите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Виена пред идните дипломати ги претставивме енергетските приоритети на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои хороскопски знаци треба да внимаваат на парите денес?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонци од Леринско повикани во полиција по пеењето македонски песни на Илинден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.