вторник, октомври 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата

by Redakcija
13.10.2026
in Македонија

Растот на бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија се очекува да достигне 3,5%, откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше нагоре својата претходна проекција од 3,1%. Говорејќи вечерва во емисијата „Колегиум“ на АЛФА ТВ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, посочи дека позитивната ревизија на прогнозата од страна на ММФ е значаен показател за економските движења во земјава, а значаен придонес за ваквите економски резултати секако има градежништвото кое бележи двоцифрен раст во последните шест квартали.

 

“Денеска стигна ревидирање во однос на проценката на БДП, и тоа ревидирање не го направи Македонија, туку Меѓународниот монетарен фонд, една од двете најрелевантни институции за економија во светот, заедно со Светската банка, коишто велат дека растот на БДП ќе биде на 3,5%, а нивната проценка првично беше 3,1%”, посочи Николоски.

Тој нагласи дека ваквите очекувања се особено значајни ако се земат предвид актуелните глобални економски предизвици, вклучително и енергетската криза, како и фактот дека голем број држави се соочуваат со стагнација или рецесија. Како еден од главните двигатели на економскиот раст, Николоски го посочи градежништвото, во кое, според него, веќе шест квартали по ред се бележи двоцифрен раст. Дополнително, тој очекува позитивниот тренд да продолжи и во втората половина од годината.”Голем удел во овој раст има градежништвото, 6 квартали досега имаме двоцифрен раст на градежништвото. Вториот квартал во оваа 2026 година, растот беше скоро 22%, а очекувам и во третиот и во четвртиот растот да биде двоцифрен, што сигурно придонесува и во растот на БДП, така што ефектите се гледаат веднаш”, рече вицепремиерот Александар Николоски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

13.10.2026

Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

13.10.2026

Глоба од 45 евра ако немате зимска опрема: Што треба да подготват возачите?

13.10.2026

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешкото значење ќе биде поголемо

12.10.2026

МНР реагира за приемот на Ива Михајлова во Софија: Државјанството не смее да биде заштита од судска одговорност

12.10.2026

Николоски: Почнува изградбата на Букојчани – Кичево, клучна делница за автопатско поврзување на Скопје и Охрид

13.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Безбеден град“ се подготвува во два нови града

8 месеци ago

ВИДЕО: Експлозии во Израел – Нов Ирански ракетен напад, најмалку осум жртви

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Карпош и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе населени места во тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Градиме истоверемено шест автопати, на Македонија и се случува силен инфраструктурен развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп доби признание за лидерство во циркуларната економија на Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.