среда, октомври 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар

by Redakcija
14.10.2026
in Македонија

Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема никакво поместување, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја.

-Европската Унија останува наша стратешка цел и тука нема поместување ниту милиметар. Ние сакаме тој процес, како што сме кажале многупати во минатото, да го почнеме и да го завршиме, не само да го почнеме. Гледате како се менува постепено реториката во Парламентот од седница во седница, од месец во месец, од година во година, кога и самите вие велевте дека ова е решение за членство, сега велите дека е решение за почеток на преговори, што е точно, ова е решение за почеток на преговори – истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот.

-Во овој дијалог во којшто го водиме со Бугарија, апсолутно, еве вие како здружена опозиција на неколку политички партии, предложете претставници да бидат дел од тимот којшто ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед. Ние апсолутно тоа ќе го почитуваме – нагласи премиерот.

Во одговорот тој оцени дека актуелната состојба е последица на политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Според Мицкоски, Владата во моментов работи на промена на перцепцијата кај европските партнери и на отворање простор за деблокирање на процесот.

-Тој процес е бавен, но се случува и тоа е реалност – рече тој, додавајќи дека промените може да се видат и преку неодамнешните контакти меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, како и средбите со еврокомесарката Марта Кос.

Премиерот најави дека следниот чекор ќе биде усогласување на Акцискиот план за малцинства, документ што, како што посочи, е прифатен од 26 земји членки на Европската Унија, но не и од Бугарија.

– Зашто е важен овој Акциски план за малцинства. Дури и утре да одлучите еве да го промените Уставот на начин на којшто сте одлучиле, повторно тоа нема да биде доволно за да ги продолжиме преговорите бидејќи треба да имаме усогласен Акциски план за малцинства. Така што, ние најпрво ќе го усогласиме Акцискиот план за малцинства – рече премиерот, повторувајќи дека и опозицијата е поканета да учествува во дијалогот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

14.10.2026

Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

14.10.2026

Ќе донесе ли октомври зимски температури? Попоски со неофицијална метеоанализа

14.10.2026

ВЛЕН го прашува Ахмети: „Каде е факелот за Груби?“

14.10.2026

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 8 до 14 години во Пробиштип

14.10.2026

Од 2027 година лимит за готовината во ЕУ: Што ќе важи за плаќањата кај трговците?

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Николоски на средба со стопанските комори од Битола и Прилеп

Николоски на средба со стопанските комори од Битола и Прилеп

6 месеци ago

ВИДЕО|Радост за сите: Победничкото ѕвонче за Ана на Клиниката за детски болести

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Одземен полициски пиштол, со БМВ се дале во бегство на автопатот кон Тетово – кривични пријави против три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ограничена сателитска врска за украинската војска, пријавени неуспешни мисии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.