Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува утре, 16 октомври, а на некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен северен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и умерен северен ветер, повремено засилен во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 16 степени.

За викендот и во почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Според УХМР, ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.
…











