Австралиската антарктичка програма отвори повеќе од 200 работни ангажмани за сезоната 2027/2028. Се бараат електричари, механичари, водоводџии, столари, готвачи и специјалисти за научни, телекомуникациски и теренски операции.
Договорите траат од шест до повеќе од 12 месеци. Избраните кандидати ќе помагаат во работењето на австралиските истражувачки станици и придружната инфраструктура.
Платата зависи од работното место и додатоците за престој на Антарктикот. За позицијата готвач, на пример, објавен е годишен износ од најмалку 162.012 австралиски долари, со вклучени додатоци за време на ангажманот на континентот. Станува збор за годишна стапка, додека вкупната заработка зависи од времетраењето на договорот.

Кандидатите треба да имаат соодветни стручни квалификации и работно искуство. Австралиското државјанство е основен услов, иако во одредени огласи се предвидува можност за разгледување други кандидати доколку нема соодветни австралиски пријавени лица.
Пријавувањето за сезоната трае до 1 ноември 2026 година. Постапката за избор вклучува стручни интервјуа, проценка на личните квалитети и медицински и психолошки проверки, а може да трае до девет месеци.
…











