недела, октомври 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО | Европа на улица: Судири со полицијата во повеќе земји, речиси 1.000 уапсени во Франција, 400 во Италија

by Уредник
25.10.2026
in Свет
ВИДЕО | Европа на улица: Судири со полицијата во повеќе земји, речиси 1.000 уапсени во Франција, 400 во Италија

Бран протести зафати повеќе европски земји, меѓу кои Франција, Италија, Шпанија, Албанија и Португалија. Граѓаните протестираат поради високите животни трошоци, недостапното домување, состојбите во образованието и јавните услуги, а во дел од земјите и против корупцијата. Дел од собирите прераснаа во насилни судири со полицијата.

Во Франција, повеќе од 400.000 луѓе излегоа на улиците во саботата, 24 октомври. Иако најголемиот дел од демонстрациите поминаа мирно, судири беа регистрирани во Париз, Марсеј, Лион, Бордо, Тулуз и Рен. Речиси 1.000 лица беа уапсени низ земјата.

Во Париз, тензиите ескалираа при завршувањето на протестниот марш кај Порт де Венсен. Дел од учесниците фрлаа предмети и пиротехнички средства кон полицајците, кои одговорија со солзавец и воден топ. За обезбедување на протестите низ Франција беа мобилизирани околу 70.000 припадници на безбедносните сили.

Протестите продолжија и во Албанија, каде демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама поради обвинувања за корупција и незадоволство од владеењето. Во Тирана повторно дојде до судири, а полицијата употреби солзавец за растерување на толпата.

Во Италија, демонстрации се одржаа во Милано, Рим, Торино и други градови, при што на одделни места имаше судири. Во Шпанија, меѓу главните барања беа заштитата на јавниот пензиски систем и подобрувањето на пензиите, додека во Португалија во фокусот беше пристапот до достапно домување.

Во меѓувреме, францускиот медиум „Бласт“ објави дека премиерот Себастиен Лекорну побарал од телекомуникациските оператори да бидат подготвени за привремено ограничување на пристапот до „ТикТок“, „Инстаграм“, „Снепчет“ и „Икс“ во случај на нови насилства. Според извештаите, мерката би се однесувала на мобилните мрежи во одредени подрачја. Владата засега не ја коментирала објавата, а нема потврда дека ограничувањата биле активирани.

Француските синдикати најавија нов ден на штрајкови и протести за 5 ноември, со што мобилизацијата продолжува и во наредниот месец.

Protests across Europe escalate into clashes with police

Mass protests have taken place in France, Italy, Spain, Albania and Portugal. Demonstrators are demanding higher wages, affordable housing and better social services.

In several cities, riots and arson broke out. Police… https://t.co/GaR2cEYrms pic.twitter.com/SWap473PnF

— NEXTA (@nexta_tv) October 25, 2026

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Трамп се закани со царини од 200 отсто за Русија и Украина

Трамп се закани со царини од 200 отсто за Русија и Украина

25.10.2026
Зеленски подготвен да ја замрзне војната, но со црвена линија: Окупираните територии нема да ги признае за руски

Зеленски подготвен да ја замрзне војната, но со црвена линија: Окупираните територии нема да ги признае за руски

25.10.2026

Трамп: Можеме да ја преземеме целата иранска нафта, па дури и целата земја

24.10.2026

Секој месец ново поскапување: Што покажуваат податоците за горивата во ЕУ?

24.10.2026

Меланија Трамп со хуманитарна иницијатива: Најавен локален прекин на огнот во Украина

23.10.2026

Европската вселенска амбиција пред тежок испит: Осум лансирања наспроти 170 на „Илон Маск“

23.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Израел ликвидираше висок функционер на Хамас задолжен за снабдување со оружје

7 месеци ago

Преспанското Езеро закрепнува: водостојот порасна за речиси половина метар

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | Европа на улица: Судири со полицијата во повеќе земји, речиси 1.000 уапсени во Франција, 400 во Италија

    ВИДЕО | Европа на улица: Судири со полицијата во повеќе земји, речиси 1.000 уапсени во Франција, 400 во Италија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Убиен поранешниот европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени запрени на автопатот „Тракија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Македонија ќе добие сателитско мобилно поврзување преку „Старлинк“, очекувам пониски цени со третиот оператор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп се закани со царини од 200 отсто за Русија и Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.