Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција на компанијата „Гересхајмер“ во Македонија, истакнувајќи дека досегашните инвестиции изнесуваат 120 милиони евра. Во објавата тој посочи и на нови производни капацитети и над 1.000 нови работни места.
Мицкоски нагласи дека привлекувањето странски инвестиции и развојот на домашното производство се меѓу приоритетите на Владата, со цел зајакнување на економијата и отворање добро платени работни места.
„Како Влада, се залагаме за посилна економија, привлекување странски инвестиции, развој на домашното производство и отворање добро платени работни места за подобра иднина на граѓаните“, порача премиерот.
…












